Категорија: Улици и тротоари

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР НАЗОР“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР НАЗОР“

Привршува реализацијата на втората кампања која општина Кавадарци ја спроведува за реконструкција на улици во градот и селото Марена.

Оперативата на фирмата „Изолација“ изведува асфалтирање на дел од улицата „Владимир Назор“ во населбата „Голи Оток“.

Согласно проектот се асфалтира површина од  950м2 за што се предвидени средства во износ од 1.259.000 денари. Парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци го реализира проектот за ревитализација на крак од улицата „Брушанска“. Се работи на поставување нови ивичници, по што ќе следи фаза на тампонирање и асфалтирање.

Според проектот ќе се асфалтира површина од 910м2,

По реализацијата на проектот жителите на овој дел од градот ќе добијат уште една ревитализирана улица како надополнување на веќе реконструираните улици „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци во екот на  градежната сезона паралелно ја реализира програмата како во градот така и во месните заедници на село.

Според програмата за комунална изградба, а согласно договорот за изведување јавна набавка фирмата „Павер трејд“ работи на поплочување на две улици во селото Марена со вкупна површина од 485м2.

Деновиве при крај е поставувањето на павер елементи на улица позади објектот на фирмата „Малерич“ која започнува од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Неготино и води до дворовите на повеќе куќи на жители од село Марена.

Со овој комунален проект општината обезбеди урбанизиран пристап за овие граѓани.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

Комуналната изградба во општината продолжува. Оперативата на изведувачот „Ас Машини“ од Кавадарци привршува со реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.

Со овој проект се ревитализира тротоарот на површина од 450м2 од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“.

Во претходната фаза се постави тампон како подлога за поплочување со павер елементи..

За оваа намена општината инвестира 520.000 денари од буџетот, сметка за комунална изградба.

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА  „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Ревитализирана уште една улица во Кавадарци. Фирмата „Изолација“ во рамките на проектот за обновување на дотрајаниот и оштетен асфалт на неколку улици, изврши поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Овој пат се работи за поставување нов асфалт на површина од 1500м2 и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри.