Категорија: Улици и тротоари

АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Општина Кавадараци преку знгажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од улицата „7-ми Септември“, на потегот од раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов и „Браќа Џунови“, до раскрсницата кај салата „Партизан“, со што се влезе во завршна фаза од реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница.

            Претходно на овој дел од улицата се спроведе: реконструкција на тротоарот со отстранување на дотраените и оштетени плочи, се подготви подлогата, потоа се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот.

            Според проектот општината изврши поплочување на тротоарот од павер елементи на површина од 900м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во асфалтиран паркинг со нивото на улицата со корисна површина од 1.000 квадратни метри.

             Со овој зафат општината ревитализираше коловоз и тротоар на  централната улица во градот која води од центарот кон градскиот парк „Љупчо Шкартов“ и стадионот.

            Општината на овој потег изгради и два кружни текови, а со уредувањето создаде побезбедни услови за пешаците, и за одвивање на сообраќајот.

Асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново

Асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново. Нов асфалт доби делницата од триаголникот на влезот, покрај училиштето до центарот на селото. 
Претходно фирмата „Коп Инжинеринг“ од Батинци го реализираше комуналниот проект за изградба на атмосферска канализација во селото Дреново. Со пари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградбa се реализира проектот за поставување нова линија во должина од 130 метри, на потегот од центарот на селото, до кружниот тек на влезот во Дреново.
На оваа локација се поставувaat нови цевки со профил фи 400, вкопани во земја, како и две решетки за зафаќање на атмосфреските води.
Општината на оваа локација изврши проширување на улицата, како и поставување на нов асфалт.

АСФАЛТИРАН КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

АСФАЛТИРАН КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци и ангажираната фирма „Градба промет“ успешно реализираа уште една фаза од комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Денеска беше извршено асфалтирањето со завршниот фин слој на целата површина.

Ова сообраќајно решение со кружен тек е проектирано за експресно и безбедно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.

Овој „турбо“ кружен тек се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“, зафаќа површина од 3000м2. Согласно стандардите досега е изведена комплетната сообраќајна и комунална инфраструктура.

Во наредната фаза ќе се реализираат деловите од проектот кои се однесуваат на јавното улично осветлување, како и на хорти културното уредување.

Со оглед на тоа дек престојат уште неколку фази на изградба Општината апелира до сите учесници во сообраќајот и натаму да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Општината Кавадарци во овој современ кружен тек инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

АСФАЛТИРАН ПРИСТАПОТ ДО НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

АСФАЛТИРАН ПРИСТАПОТ ДО НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Во селото Ваташа денеска беше асфалтиран пристапот до новиот мост и проширувањето на патот после мостот на регионалниот пат кон Витачево.

Оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица го постави првиот порамнителен слој асфалт на вкупна површина од 1390 квадратни метри. Во наредната фаза ќе се работи на пристапот до новиот мост на жителите од тој дел на Ваташа, односно на пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде видно променет. Финиот слој на асфалет ќе се постави во завршната фаза кога ќе се асфалтира и коловозната површина на новиот мост..

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

ТАМПОНИРАНА ПОВРШИНАТА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛ „БАЛКАН“

ТАМПОНИРАНА ПОВРШИНАТА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛ „БАЛКАН“

Реконструкцијата и проширување на паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под хотел Балкан продолжува.

Градежната механизација денеска поставуваше тампон и го нивелираше теренот на улицата „Тошо Велков-Пепето“ на вкупна површина од 1850 м2. Општината овде гради нов асфалтиран паркинг, а ќе асфалтира и два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.

Општината Кавадарци со ова ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, и ќе урбанизира запуштен простор во најстрогиот центар на градот.