Категорија: Улици и тротоари

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци го реализира проектот за ревитализација на крак од улицата „Брушанска“. Се работи на поставување нови ивичници, по што ќе следи фаза на тампонирање и асфалтирање.

Според проектот ќе се асфалтира површина од 910м2,

По реализацијата на проектот жителите на овој дел од градот ќе добијат уште една ревитализирана улица како надополнување на веќе реконструираните улици „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци во екот на  градежната сезона паралелно ја реализира програмата како во градот така и во месните заедници на село.

Според програмата за комунална изградба, а согласно договорот за изведување јавна набавка фирмата „Павер трејд“ работи на поплочување на две улици во селото Марена со вкупна површина од 485м2.

Деновиве при крај е поставувањето на павер елементи на улица позади објектот на фирмата „Малерич“ која започнува од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Неготино и води до дворовите на повеќе куќи на жители од село Марена.

Со овој комунален проект општината обезбеди урбанизиран пристап за овие граѓани.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

Комуналната изградба во општината продолжува. Оперативата на изведувачот „Ас Машини“ од Кавадарци привршува со реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.

Со овој проект се ревитализира тротоарот на површина од 450м2 од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“.

Во претходната фаза се постави тампон како подлога за поплочување со павер елементи..

За оваа намена општината инвестира 520.000 денари од буџетот, сметка за комунална изградба.

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА  „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Ревитализирана уште една улица во Кавадарци. Фирмата „Изолација“ во рамките на проектот за обновување на дотрајаниот и оштетен асфалт на неколку улици, изврши поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Овој пат се работи за поставување нов асфалт на површина од 1500м2 и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри.

РЕВИТАЛИЗИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА  „ДИСАНСКА“

РЕВИТАЛИЗИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

Во рамките на втората кампања за ревитализирање на улиците во Кавадарци, викендов изведувачот „Изолација“ асфалтираше делница од улицата „Дисанска“.

Согласно проектот се постави нов слој асфалт на површина од 1350 м2, со што се обнови дел од оваа улица.

Претходно беше извршено гребење на стариот и оштетен асфалт.

На оваа локација општината инвестираше пари од буџетот за изградба на тротоарска делница.