Категорија: Настани

МИТКО ЈАНЧЕВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

МИТКО ЈАНЧЕВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

Градоначалничката функција во општина Кавадарци од денеска и официјално е во рацете на Митко Јанчев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој на гласањето во неделата освои мнозинство гласови на граѓаните.

При чинот на примопредавањето на функцијата претходниот градоначалник Александар Панов на Јанчев му посака успешна работа и соработка со Советот.

Јанчев се заблагодари на сите граѓани кои му дадоа доверба на изборите и порача дека веќе од понеделник и официјално започнува неговото работење.

Мој општинар е проектот со кој ќе стартува мандатот на новиот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев.

На примопредавањето на градоначалничката функција претходеше доделување на уверенијата на градоначалникот и новите советници од претседателот на ОИК Зоран Костов.

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИТКО ЈАНЧЕВ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ КАВАДАРЦИ

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИТКО ЈАНЧЕВ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ КАВАДАРЦИ

На свечен начин во големата сала на оптината Кавадарци, денеска претседетелот на Општинската изборна комисија Кавадарци Зоран  Костов во присуство на составот на ОИК им ги додели уверенијата  за избран Градоначалник и избрани членови на Советот на општина Кавадарци во мандатот 2017-20121 година.

Уверението  за својот прв мандат на местото градоначалник на Кавадарци го прими  Митко Јанчев, кој од денеска ја презеде ова висока функција.

Советот на Општина Кавадарци  ќе го сочинуваат 19 советници. Девет уверенија добија советниците на СДСМ, Осум на ВМРО-ДПМНЕ и по едно советничко место имаат партијата ГРОМ и Независната листа на советници на Ристо Сакалиев.     Претседателот на ОИК Костов истакна дека изборите во Кавадарци поминале во фер и демократска атмосфера без повреди на избирачкото прави, што е плус повеќе за демократскиот капацитет на граѓаните кои учествуваа на овие избори.

Во обраќањето пред новиот состав на Советот на Општината Градоначалникот Јанчев пак изрази спремност да соработува со сите политички чинители во Советот со цел да се реализираат заедничките проекти кои се од интерес на граѓаните.

Носителите на советничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во изјавите за медиумите нагласија дека ќе работат во интерес на сите граѓани. Носителката на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Горица Пеливанова-Вилхелм, рече дека тие како советничка група ќе даваат подршка на сите проекти кои кќ бидат од интерес на граѓаните.

Д-р Виолета Димитрова како носител на Советничката листа на  СДСМ пак изрази спремност како советничка група и партија да соработуваат за доброто и модерно Кавадарци кое ќе биде убаво место за живеење на граѓаните.

Одбележани  104 години од Тиквешко востание

Одбележани 104 години од Тиквешко востание

Денот на кревањето на Тиквешкото востание денеска беше повод да се чествува пред споменикот подигнат во негова чест во паркот „Полана“. Делегации на Општината предводенаод  градоначалникот Александар Панов, Советот на Општината, Здружението на борци и други граѓани положија свежи цвеќиња пред споменикот.

Кусотос- историчарот Марија Михова, се осврна на периодот на кревањето на востанието и приликите кои тoј период биле присутни на овој терен. Во репресалиите по Тиквешкото востание, според пишаните документи загинале над 500, а според непишани податоци над 1.000 жители н Кавадарци, Неготино и селата во двете општини.

Актерите Диме Коцевски и Марија Глигорова-преку актерски перформанс не доближија до настаните кои се случиле пред 104 години.

Градоначалникот Панов пак во свооето обраќање го апострофира месец јуни како значаен месец во историјата на Кавадарци и Тиквешијата, кога се давал голем отпор кон окупаторите: некогаш бугарскиот, некогаш српскиот, но тоа биле и периоди на будење на слободоумната мисла и стремеж за слобода. Неговата поента сепак беше дека ние им простуваме на убиците но не забораваме никогаш што тие напоравиле врз нашите предци.

Актерот Александар Малинков во одјавниот збор упатувајќи комлименти за авторот на споменикот академскиот вајар Кире Мукаетов и авторот на постаментот Димитар Самарџиев потсети за значењето на делото и нивната порака, овој народ секогаш да ги почитува и со внимание да се сеќава  на настаните во кој е изразена борбата на слобода.

Споменикот „Тиквечки непокор“  е поставен 2013 година во чест на 100 годишнината од Тиквешкото востание од 1913 година.

 Историјат на настанот

До 1993 година овој настан од стариот општествен политички систем беше тргнат од историската мапа. По симпозиумот на градскиот Музеј, од таа година 20 години се одбележува споменот на Тиквешкото востание.Особено по 2006 година тоа во Кавадарци се прави со поголемо внимание и пиетет.

Инаку Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО. Покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.

По седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани.Над 100 тина убиени биле од Неготинско. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО 74 ПАТ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО 74 ПАТ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ

Ваташа, Кавадарци и Македонија денеска се сеќаваат на најтрагичниот настан од Втортата Светска војна. Денот кога во 1943 година во месноста Моклиште беа стрелани 12 ваташки младинци Пред споменикот во Моклиште кај село Ваташа се одбележа 74 годишнината од стрелањето. Младинците беа стрелани од бугарските окупаторски војници.

Делегации меѓу кои роднини на стреланите, градоначалникот Александар Панов, претставници на Советот на општина Кавадарци и на урбаната заедница Ваташа, претставници на борците и политичките партии пред споменикот положиа свежо цвеќе.

Одбележувањето започнува во 10:30 часот на платото пред споменикот во Моклиште каде за настанот говореше Марија Михова – кустос историчар при локален Музеј-Галерија Кавадарци.

Градоначалникот Панов истакна „Настанот во Моклиште тогаш ја зави Македонија во црно, а денеска ваквите настани, не само што не обврзуваат на почит, туку не опоменуваат и поучуваат, сугерираат на одговорност и разумност. Денешните генерации треба да се горди на претходните кои, со својата крв ја натопија земјата обезбедувајќи иднина за Македонија. 16 јуни 1943 е само еден од историските настани во црниот јуни, Тиквешкото востание од 1913, стрелањето на ваташките деца, убиството на Димката Ангелов-Габерот, стрелањето на родољубите во Дреновската клисура кај селото Фариш. Единствената порака која до нас ја праќаат ови 12 прерано згаснати живото е дека, ние денешните генерации треба да се отчетиме за нивната смрт. Да потврдиме дека таа не била залудна. Нивната смрт во позадина крие борба за слобода, независност, борба за суверена Македонија. Затоа ние денеска, а и оние што ќе дојдат после нас, несмееме да заборавиме дека некој пред нас за ова што ние денеска го уживаме, го дале најскапото, нивниот живот. Втората порака што тие ја упатуваат до нас е дека сите македонци треба да се сплотиме и заеднички да ја чуваме оваа Македонија која натопена со нивната крв ни ја оставија во аманет нам и на оние после нас. Ваташани, кавадарчани и тиквешани со жртвата на ваташките младинци  оставија трага со златни букви врежана во македонската национална историја“

Пред споменикот беше изведена културно-уметничка програма во чест на 12 младинци а во изведба на учениците од основното училиште „Димкатра Ангелов-Габерот“ од Ваташа.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАЖИЗМОТ

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАЖИЗМОТ

Со изведба на химните на Република Македонија од хорот при ОМБУ „Лазо Мицев-Рале“ и на Европската Унија од учесниците на фестивалот „Ластарчиња“  започна свеченоста за одбележување на 9 мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. На свеченоста која се одржа во салата на домот на културата присуствуваа градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Неговата екселенција Воутер Пломп. Во рамки на свеченоста за одбележување на денот на Европа беше промовирана книгата „Име од светлина и рани“ од група автори, а во издание на „Македонски манифест“. За делото говореше Ефтим Клетникот. Рече дека денес во 21 век од големите центри на Република Македонија и е забрането да го употребува своето автентично име и потенцира дека актот за менување на медедонското име  е акт на геноцид.

Одбележувањето продолжи со културно уметничка програма во која нзастапија интерпретаторката Александра Михова, балетското студи „Венус“ и студиото за латино танци „Старс“ од Кавадарци. Свои настапи со музички точки имаа и учениците од основните училишта „Тошо Велков-Пепето“и „Тоде Хаџи-Тефов“. На крајот од програмата на сцената беа учениците од гимназијата „Добри Даскалов“кои се претставиа со гимнастички игри, одвремето на детството на нивните дедовциибаби. Беа тоа веќе заборавените игри „Д‘га  магарица“ „Анина-Јанина“ „Б’з“, „Ластика“, Скокање на артома (јаже)  и.т.н.

Претходно градопначалникот Александар Панов и делегација од поќитувачитеи членовите на Здружението наборцитеод НОБ положија букети свежо цвеќе пред споменикот на Слободата и револуцијата на градскиот плоштад.