Категорија: Настани

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

Голем број земјоделци од Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија учествуваа во обуката за органско земјоделско производство организирана од Центарот за развој на вардарски плански регион. Предавањата се одрѓаа во големата сала на општина Кавадарци

Обуката е дел од проектот на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, имплементирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Проектот е насловен „Поддршка и промоција на препознатливо стопанско туристички настани и мапирање на форми на рурален туризам”.

Целта на оваа обука е да се соберат сите индивидуални земјоделци од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман, кои произведуваат земјоделско  производство и да се запознаат со сите бенефити на самото органско производство. Органското производство е тренд во денешно време. Оваа обука е последна во оваа сесија на обуки кои ги одржува Центарот за развој при Вардарскиот плански регион, откако претходно имавме слична ваква обука наменета за микрорегионот Свети Николе и Лозово, рече во изјава за медиумите,  Снежана Митрова од Вардарски плански регион. Предавач беше агрономот Иван Стојанов.

„Органското производство претставува систем кој го одржува здравјето на почвата, екосистемот и луѓето. Се базира на еколошки процеси, биодиверзитет и производство прилагодено на локалните услови со ограничена употреба на инпути. Органското производство е тренд во светот, а е комбинација на традиција и новитети во науката,  со цел за остварување на заедничка корист и промоција на фер односи и добар квалитет на живот за сите кои се вклучени во овој систем на производство“ рече меѓу другото Стојанов пред земјоделските производители.

 

„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

Општина Кавадарци вчера организираше работилница на тема „Кластерска конкурентност за бизниси“. Работилницата е дел од  активностите на проектот „Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ Акции“ финансиран од Програмата за прекугранична соработка 2007-2013 на Европската Унија.

Партнери во овој проект се општина Кавадарци од македонска и општина Едеса од грчка страна како земја членка на Европската Унија. На работилницата беа поканети гости од бизнис секторот од Кавадарци како и нивни колеги претставници на бизнис секторот  од Едеса- Република Грција.

Во воведниот дел претставување на проектот „Бизнис информативен центар“ имаа раководителот на Секторот за локален економски развој во општина Кавадарци г. Тодор Ефремов од македонска и Евангелос Кириаку директор бирото за туризам на градот Едеса. Тие преку своите излагања ги запознаа присутните со целите на овој проект кој е значаен за двете општини пред се во приближувањето на економската соработка во која спаѓа и туризмот.

Пред присутните зборуваше и г.Беким Хаџиу раководител на  Секторот за туризам од Министерството за економија во Владата на Република Македонија.

Во работниот дел на средбата најпрвин зборуваше професорката Габриела Ракичевиќ од факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Нејзиното предавање беше на тема „Улогата на менаџментот во организацијата на услужните дејности“. Ана Амбаркова Агент за развој на кластерите имаше излагање на тема „Улогата на кластерите во развојот на конкурентните економии“.

Александар Ристевски претседател на кластерското здружение „Тиквеш“ зборуваше на тема „Искуствата од кластерското здружување“ притоа ставајќи акцент на искуствата од работата на здруженито од Тиквешкиот регион. На иста тема говореше и Сакис Димтсис претставник на општината Едеса при што ги пренесе искуствата од работата на

Кластерските здруженија во Република Грција пред се во развојот на  алтернативниот туризм.

Присутните имаа можност да проследат предавања на теми и искуства од кластерското здружување што ги презентираа експерти од Македонија и Грција.

Крајната цел од вчерашната средба е да се потенцираат придобивките од  клатсерското здружување на бизнис секторотпред се за малите и средни претпријатија. Зајакнувањето на овој принцип на работа  ќе биде од големакорист за сите чинители пред се во секторот туризам.

Работилницата се одржа во просториите на Винарската Визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

72 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

72 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци со свечена седница на Советот на Општината, денеска на 7 Септември ќе ја одбележи 72 годишнината од ослободувањето. Свеченостите започнаат претпладнето кога делегации од општината, сојузот на борци и почитувачи на придобивките од НОБ, делегации на политичкиот и културниот живот предводени од градоначалникот Александар Панов ќе положат букети свежо цвеќе пред споменикот на слободата и револуцијата на градскиот плоштад. Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ вечер со почеток во 19:30 часот ќе се одржи Свечената сеница на Советот, со свечена академија. Пред присутните свое обраќање ќе има градоначалникот Александар Панов.

На свечената седница ќе се доделат и признанијата на годинашните добитници на највисокото општинско признание, наградата „7 Септември“. Со одлука на Советот на општината лауретаи за 2016 година се: Академик Глигор Чемерски-постхумно, како знак на општествено признание за посебен придонес во уметноста, примариус д-р Бранко Поповски за посебен придонес во здравството и Благој Пешиќ за постигнувања во развојот на стрелаштвото. Советот ги награди со плакета и диплома „7 Септември“.

На свечената академија во чест на празникот на градот во културно уметничкиот дел ќе настапат репродуктивните уметници: Силвана Чулева-Атанасова на флејта, Емилија Кабранова-Филипова клавир и Лазар Соколов кларинет. Овие истакнати репродуктивни уметници ќе се претстават со популарни класични дела на од странски и домашни композитори.

ВО ТЕК Е ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „КАВАДАРЦИ-МИХАЈЛОВО 2016“ ПАРИТЕ ОД АУКЦИЈАТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

ВО ТЕК Е ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „КАВАДАРЦИ-МИХАЈЛОВО 2016“ ПАРИТЕ ОД АУКЦИЈАТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

Во Кавадарци минатата сабота на 20 август започнa Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово 2016“ во организација на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ Кавадарци и Општина Кавадарци. На отворањето беа присутни 60-тина а деновиве им се придружиа уште десетина уметници. Ги има од Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија, Бугарија, Албанија, Данска и други земји. Тие творат во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“ и во околината на Кавадарци.

На отварањето со самостојна изложба се претстави Силвана Силва, македонски уметник, која живее и работи во Данска. Покрај ликовен таа е и уметник- поет-, па така во симбиоза како уметничка душа, Силвана во Кавадарци претстави дел од нејзината уметничка експресија која плени со едноставноста. Колонијата и изложбата ги отвори секретар на Општина Кавадарци Кире Делов. Тој при отворањето изјави; „Локалната самоуправа секогаш ќе ја подржува ова манифестација, која е една од најзначајните кај нас во Македонија. Ја вклопивме во „Топлиот културен бран“ со цел да ја зацврсти својата улога која веќе ја има на овие балкански простори. Ова што вечерва го гледаме и што ќе се случува во Кавадарци деновиве е доволен предизвик и е од големо значење. Сите создадени дела на колонијата ќе бидат понудени на аукција, а средствата собрани од неа ќе бидат уплатени на сметка за помош на настраданите семејства во поплавените подрачја во Македонија Ја користам приликата да ги поканам граѓаните и претставниците на бизнис секторот да се вклучат во аукцијата и на тој начин да помогнат на поплавените“ рече Ќире Делов.

Директорот на Домот на Културата Владимир Темков кој е главен „виновник“ за прераснувањето на Колонијата „Кавадарци Михајлово“ во голем културен настан, нагласи дека, чуството на едно место да се соберат толку значајни имиња од светот на ликовната уметност е доволна сатисфакција за целиот напор кој лично го чини заедно со вработените во Домот на Културата. Со ова Кавадарци потврдува дека е центар на ликовните случувања кај нас. Дваесет години колонијата спаѓа меѓу најуспешните во Македонија и на овој дел на Европа. На неа досега се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет.

Во рамките на “Кавадарци-Михајлово 2016“ синоќа четвток 27 август започна Џез фестивал со познати балкански џез музичари. А со свој настап, џезерите на отварањето ја направија уметничката вечер уште поубава.

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов неполни 24 часа по големиот настан приреди приием за делегацијата на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ кој беше организатор на Мото средбата на мото клубовите од Македонија.

Кавадаречките моторџии му подарија на градоначалникот маица во рамка како знак на сеќавање за на настанот кој позитивно го разбранува Кавадарци. Заблагосдарувајќи за честа Панов посочи: „Конечно неколкуте средби на раководството на клубот со мене се претворија во реализација на еден убав проект, за кој се надевам дека ќе прерёасн во традиција. Овојпат го исправивме пропустот од пред две години и на Кавадарци му го подаривме ангажманот на нашиот мото клуб. Моторџиите од Македонија на споменикот на 12 Младинци направија еден исклучителен, кспортски,културно забавен и духовен настан кој меѓудругото го посветивме и на македонската историја и слободарски дух како тројство на Тиквешкото Востание, стрелањето на 12 ваташки младинци и младоста на денешницата. Им изразувам благодарност на кавадаречките вљубеници во моторите и посакувам ова да биде традиција и афирмација на Кавадарци како град на младоста и спортот. Ёова беше извонредна можност да се разбие стереотипот за моторџиите. И тие се нормални луќе со морал и културан, но од обичните се разликуваат само по нивната стратс кон моторите“.

Драган Петров-Гаго во името на мторџиите се заблагодари на разбирањето од градоначалникот и општината и притоа  потенцираше дека на „Моклиште“ и низ Кабвадарцци за два дена протатнеа над 1000 мотори и моторџии од 18  мото клубови од Македонија што само посебе потврдува висок рејтинг на кавадарчани меѓу нивните колеги од републиката.