Категорија: Настани

75 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАЖО ТОДОРОВСКИ-ЧИЧЕТО

75 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАЖО ТОДОРОВСКИ-ЧИЧЕТО

На денешен ден во борба со бугарските војници кај с.Никодин загина зам. командирот на првата чета на одредот „Добри Даскалов“ Блажо Тодоровски-Чичето.

За народен херој Чичето е прогласен на 11.10.1953 година.

Општината Кавадарци во недостиг на спомен обележје, во оваа прилика оддава почит кон ликот и делото на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.

Воедно општината ја информира јавноста дека во склоп на Програмата за одбележување на годишнини за значајни настани и личности градоначалникот м-р Митко Јанчев покрена постапка за изработка на 4 нови спомен бисти меѓу нив и на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.

Станува збор за обновување на спомен бистите на 4 првоборци од НОВ, кои пред повеќе години беа украдени, а по нивното обновување од страна на општината истите ќе бидат поставени во „Паркот на Револуцијата“ каде се наоѓаат сите останати спомен бисти на кавадаречките партизани кои го дале својот живот за слободата на Македонија во НОБ 1941-1945 година.

ВО КАВАДАРЦИ ПРЕТСТАВЕНА  „БАНКАТА ЗА ХРАНА“

ВО КАВАДАРЦИ ПРЕТСТАВЕНА „БАНКАТА ЗА ХРАНА“

Во организација на општина Кавадарци Сектор за локален економски развој претставување на Банката за храна пред кавадаречките бизнисмени. Градоначалникот Митко Јанчев во своето обраќање нагласи: „Мотото е 0% гладни. За жал храна се фрла во големи количини, наместо тоа со малку хуманост може да се искористи, бидејќи сеуште има луѓе кои страдаат за храна“. Притоа нагласи дека општината ќе обезбеди магацински простор каде ќе се складира храната која ќе биде донирана за сиромашните, а општината Кавадарци покрај возилото ќе обезбеди и просторија.

Претставникот на Банката за храна, Душко Христов се осврна на досегашното работење и нагласи дека секоја година со донациите во храна кои се собираат во банката се хранат секојдневно барем со по еден оброк 300 лица во 11 градови.

„Иако Кавадарци е една од најбогатите општини, сепак има гладни. Над 90 фамилии имаат потреба од помош. Наша визија е активна борба со гладот и сиромаштијата преку редуцирање на отпадот и фрлање на храна. Тука сме да ја прифатиме секоја донација на оброк. Гладот е најтежок вид на сиромаштија“ рече Христов и ги храбреше претставниците од бизнис заедницата да го донираат вишокот храна, а не да го фрлаат.

 Во Кавадарци партнер на Банката за храна е еколошкото друштво “Еко живот“ кое ќе ги преземе на себе обврските околу практикувањето на ова работа.

 Проектот го поздрави и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, кој исто така беше присутен на презентацијата. Рече дека ова е добар начин да им се излезе во пресрет на луѓето кои имаат потреба од храна.

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАРАДА НИЗ УЛИЦИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАРАДА НИЗ УЛИЦИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

„И велоспедот е дел од сообраќајот“ беше мотото на годинешната велосипедската парада низ улиците на Кавадарци која традиционално и успешно ја органзирира Сојузот за училишен спорт. Целта е да се популаризира велосипедот на сметка на автомобилите, што има повеќекратна корист за возачот. Затоа и мотото на годинашнава акција која традиционално се одржува во месец мај бше „И велоспедот е дел од сообраќајот“.

Стартот на беше од паркингот на спортскиот центар „Јасмин“ од каде поворката предводена од градоначалникот Митко Јанчев, во придружба светскиот велоспедист на екстремни патеки Пјер Бишоф од Германија, се движеше по кавадаречките улици, а сите заедно дојдоа на Градскиот плоштад пред зградата на општина Кавадарци. Над 850 велосипедисти од основните и средните училишта, беа дел од велосипедскта парада во која возеа  заедно со членовите на Тиквешки Точакџии, како и наставници по физичко воспитување.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев возеше низ улиците на Каадарци, популаризирајќи го велоспедот меѓу младите и граѓаните. Во обраќањето пред учесниците на парадата Јанчев посочи дека тој и општината го поддржуваат возењето велосипед не само како превозно средство во градските средини, туку и како здрав начин на живот уште од мали нозе. Притоа подвлечее: „Ова го потврдуваме и со акцијата за доделување на субвенции при купување на велосипед. Нешто што го запопчнавме неодамна и имаше масовен одзив кај граѓаните, а што без двоумење ќе го птодолжиме и во иднина. А дека велосипедот е сериозно превозно средство потврдува и нашиот пријател од Германија Пјер Бишоф. Кога тој може да вози 3050 километри низ Европа, тогаш можеме и ние низ улиците на Кавадарци да го правиме истото тоа секој ден“. подвлече Јанчев.

Велосипедскиот митинг заврши со традиционалното извлекување на наградите од лотаријата која се организира за учесниците на митингот, каде почетокот на извлекувањето ги започнаа градоначалникот Јанчев и велсипедистот Бишоф.

ОДБЕЛЕЖАН „ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“

ОДБЕЛЕЖАН „ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев, членови на Советот на општината, претставнци на јавниот живот и на граѓани, на паркингот кај спортската сала „Јасмин“ беше изведена демонстрација на моменталана моќ на Противпожарната единица од Кавадарци, како дел од одбележувањето на „Денот на пожарникарите“.

Свеченоста започна со дефиле на расположивите противпожарни возила низ централните улици, а продолжи со демонстрација на показни вежби со кои се симулираше: инервенција на извлекување на човек од возило во сообраќајна несреќа како и класично гаснење на пожар на височини. На тој начин во јавноста беше претставена територијаланата единица за противпожарна заштита Кавадарци, која со доаѓањето на градоначалникот г. Митко Јанчев на чело на Општината беше целосно обновена.

Во изјава  градоначалникот Јанчев ги потенцираше преземените зафати во изминзтиот период со кои ПП единицата се комплетиташе, како кадровски така и материјално-технички. Најпрвин се реновираа постојните простории на зградата на Пожарниот дом, потоа на конкурс на работа се примени 16 нови пожарникари, со што се комплетира кадровскиот потенцијал кој сега изнесува 26 вработени пожарникари. По пат на донација се обезбедија неколку специјализирани возила, а набавена е и опрема за интервенции.

Со овие потези територијалната ПП единица од Кавадарци е целосно обновена и подготвена за дејствување на терен во функција на заштита на материјалните добра и на граѓаните.

Предадена во употреба новата концертна сала во ОМБУ

Предадена во употреба новата концертна сала во ОМБУ

На свечен начин беше предадена во употреба новата концертна сала во ОМБУ „Лазо Мицев-Рале“ во Кавадарци. На свеченоста присуствуваа: градоначалникот Митко Јанчев, земеник помошник администраторката на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија Гречен Биркл, потполковникот Ерик Рајс од Военото аташе на САД, и претставници на УСАИД.

 Концертната сала општината ја градеше со помош на УСАИД, Европската команда на САД и бизнис секторот. Исто така со денешната свеченост се означи и крајот на реновирањето на просториите на музичкото училиште.

Градоначалникот Јанчев во своето обраќање на свеченоста ја нагласи важноста од зајакнувањето на граѓанските вредности кај младите, со цел тие да станат активни учесници во своите заедници и да градат силни пријателства со врсниците.

Од УСАИД во изјавата за медиумите ја нагласија важноста на овој објект кој во партнерство со општината се градеше во изминатиот период.

„Горда сум на ова широко партнерство помеѓу Европската команда на САД, УСАИД, општините и локалните заедници воспоставено за реновирање на училиштата. Преку оваа партнерство, од 2011 година, Европската команда на САД има инвестирано над 1,5 милиони долари за реновирање на 63 училишта, вклучувајќи го и вашето, паралелно работејќи на развојот на етничката кохезија во Македонија“ истакна Биркл.

„Новата концертна сала е од големо значење и за училиштето, Учениците од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци од денеска понатаму ќе можат наученото да го презентираат на концерти во новата концертна сала“ рече директорот Златко Јованов.