Категорија: Настани

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА  ВО ВОЗАРЦИ

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р. Митко Јанчев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во селото Возарци ја отворија првата детска градинка.

Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски. Новата градинка во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.

Во обраќањето пред присутните градоначалникот Јанчев рече: „Денеска, го предаваме во употреба објектот „Ѕвончица“ во с.Возарци со капацитет за сместување на над 20 дечиња. Возарци е село во кое, поради добрата местоположба и близината до градското подрачје, младите остануваат со своите семејства и детската градинка беше неопходна во една ваква средина“.

На отворањето на објектот присуствуваа жители од Возарци, како и претставници на Советот на општината и претседателот Ристо Сакалиев.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со неговата изградба и предавање во функција општината обезбеди подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.

 

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. На средбата се разговараше за поддршката што општина Кавадарци ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, како и за промена на стари  врати и прозорци со енергетски ефикасни во објекти на дел од  централните и подрачните училишта.

На средбата во кабинетото на Јанчев се разговараше за проектите кои се во фаза на реализација. Во изјава за јавноста градоначалникот Јанчев ги посочи проектите во општината при што истакна: „Согласно првиот Јавен повик за реализацја на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и намалување на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ2.5 со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта во најзагадените градови во Македонија. Врз оваа основа на општина Кавадарци и беа доделени финансиски средства во висина од 5.195.420 денари за набавка на опрема за греење со еколошки системи наменета за основните училишта. Согласно пак Вториот Јавен повик за намалување на аерозагадувањето-енергетска ефикасност, ни беа доделени финансиски средства во видина од 1.804.589 денари кои се наменети за промена на надворешни врати и прозорци во основните училишта и тоа за следните објекти: ООУ ,,Тошко Велков Пепето-с.Дреново”, СОУ ,,Ќиро Спанџов-Брко”. Ученички дом с.Дреново, како и во ПОУ с.Возарци и с.Дреново“.

Градоначалникот Јанчев ги презентираше и податоците за изградба на Колекторскиот систем кој што е во должина од 4453 метри е изграден во Кавадарци па се до село

Марена со финансиски средства од Министерството з

а животна средина, ИПА програмата на Европската унија и со општинско кофинансирање.

Во 2019 година, Доделени се финансиски средства во висина од 5.000.000 денари oд страна на Министерството за животна средина а 10.524.000 денари се општинско учество.

Јанчев и Макрадули се сретнаа и со претставници на општинските еколошки организации, како и со дел од советниците во општинскиот совет Кавадарци со кои разговараа на еколошки теми.

Посетата се искористи и за увид во работите на објектот на училиштето „Габерот“ Кавадарци, каде со републички средства се врши промена на системите за затоплување со еколошки грејни тела, потоа на објектото „ООУ „Пепето“  каде се врши промена на столарија со ПВЦ прозорци, како и на изградбата на колекторскиот систем во селото Марена.

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

Деца музички таленти од Кавадарци и Ковин синоќа настапиа пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“.

Во рганизација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина тие синоќа пред публиката во поланата сала се претстава со тадиционална музика карактеристична за двата краја.

Синоќнешниот настап беше вовед во нешто поголемо што треба да се случи наредната година најпрво во Кавадарци на Св.Трифун 14 февруари 2020, а потоа на 29 ноември во Ковин. Тенденција на организаторот е фестивалот полека да прерасне мо меѓународен, за што сериозен интерес имаат изразено општини од Црна Гора, Боснаи Херцеговина и од Хрватска.

ПРВ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“ ВЕЧЕР ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

ПРВ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“ ВЕЧЕР ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев, денеска во неговиот кабинет оствари средба со делегацијата од збратимената општина Ковин од република Србија.

Гостите од Ковин престојуваат во Кавадарци како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“ во организација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина.

На фестивалот ќе земат учество деца од Кавадарци и Ковин. Пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ тие вечерва ќе се претстават со тадиционална музика карактеристична за двата краја.

Фестивалот ќе се одржи на 19.11.2019г (вторник) со почеток во 19:00 часот.

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со проф.Димитрија Ангелков на која се разговараше за идни проекти иницирани од последниот изум на професорот.
Проф.Ангелков освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019 за “паметните канти”. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Доколку во кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите, која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника.
Градоначалникот Митко Јанчев и проф.Ангелков дискутираа за можна соработка во блиска иднина, најпрвин за сите јавни институции а потоа и поголеми проекти.
Со оглед на тоа што во изминатата година Кавадарци беше на второ место како Еко Општина ,секако дека ваквите проекти само ќе не однесат чекор понапред до првото место како Еко Општина.