Категорија: Огласи и соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК бр.2/2016 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Се повикуваат спортистите, спортските клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, да ги достават до Општина Кавадарци-Локална самоуправа во предвидениот рок.

 Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за финансирање на спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ке се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014).

Јавен повик

Јавен повик за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на  Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации

Јавен повик за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”,  бр. 130/07).

Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој.  Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2017 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017.

Јавен повик
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА 27 (дваесет и седум)КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ  ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕТСТАПНИШТВО НА ГРАД КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА 27 (дваесет и седум)КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕТСТАПНИШТВО НА ГРАД КАВАДАРЦИ

Врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/2002) член 82 став 1 точка 56 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци”  бр.08/05), а во врска со член 147 став 1 од Законот за малолетничка правда(“Сл.весник на РМ” бр.87/07), член 4  од Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничка претстапништво на град Кавадарци(“Службен Гласник на Општина Кавадарци” бр.37/2011, 38/2011, 40/2011,  45/2012 и 46/2012), Советот на Општина Кавадарци , објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА 27 (дваесет и седум)КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕТСТАПНИШТВО НА ГРАД КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК

Јавен повик во третиот квартал на 2016 година за донесување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Јавен повик во третиот квартал на 2016 година за донесување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

 Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.

 Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

 Иницијативите се финансираат од правни и физички лица.

 Јавниот повик трае од 25.08.2016 год. до 25.09.2016 год.