Категорија: Огласи и соопштенија

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2020 година

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2020 година

Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година бр.08-7017/17 од 25.12.2019 година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр.08-7017/19 од 25.12.2018 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН КОНКУРС

 За делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице

 

Конкурс за култура

Пријава за култура
ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020 За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020 За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020

За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

1. Се повикуваат спортските клубови, професионални клубови регистрирани на пордачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок. 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2020 година, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финанасирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот  од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

Read More

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска асфалтираше дел од улицата „Доне Попов“. Се асфалтираше новопробиениот коловоз, на вкупна површина од 660 квадратни метри.

Согласно проектот претходно на локацијата се поставуваа рабници во вкупна должина од 240 метри, со што се оформи улица на која се постави  и тампон.

Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните од населбата „Голи оток“. Проектот е согласно програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.