Категорија: Огласи и соопштенија

Студија за оцена на влијанието врз животната средина на Проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија“ за делницата: Неготино – Битола

Студија за оцена на влијанието врз животната средина на Проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија“ за делницата: Неготино – Битола

Општина Кавадарци во соработка со Министерството за животна средина организира јавна расправа по проектот на Владата за гасификација на Р. Македонија. Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на општина Кавадарци на ден 29.10.2015 година (четврток) со почеток во 12 часот. Јавната расправа е од отворен карактер и се покануваат сите заинетересирани граѓани за присуство.

EIA Gasovod delnica 2 Negotino Bitola EVOLVING compressed

 

СТУДИЈА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ
“Национален гасификационен систем
во Република Македонија“ за делницата:
Неготино- Битолa

Авионско второ запрашување – соопштение

Авионско второ запрашување – соопштение

Известување

Се информираат граѓаните дека во четврток на 20 август 2015 година во координација со Министерството за здравство ќе се изврши втора адултна авионска дезинсекција.

Авионското прскање ќе се врши во утрински часови во периодот од 05:00 до 08:00 часот на територијата на општина Кавадарци. Авионското прскање покрај општината Кавадарци ќе се изведе и на териториите на соседните општини Росоман, Неготино и Демир Капија.

Општината ги информира пчеларите кои имаат сандаци со пчели на територијата на општините кои ќе бидат опфатени со авионсклото прскање, навреме да превземат мерки за заштита на пчелните семејства како не би дошло до несакани последици.

Конкурс за доделување на Награда “7  Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Конкурс за доделување на Награда “7 Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Награда “7ми Септември” (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.26/2003 год.)

 

Општина Кавадарци-Локална самоуправа Објавува

 К О Н К У Р С

За доделување на Награда “7  Септември”

на град Кавадарци за 2015 година

По повод “7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на награда “7 Септември”.

Конкурс за доделување награда„7 Септември“
Пријава за награда„7 Септември“

 

Измена на работното време на локалната админстрација

Измена на работното време на локалната админстрација

Со одлука на градоначалникот Александар Панов се врши времена промена на работното време на општинската администрација.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.

Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.

Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.

Се информираат граѓаните дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.