Категорија: Проекти

НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ започна со изградбата на новите 1.900 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци. Новата делница се гради од локацијата под објектот „Три багрема“ кај Глишиќ до под село Марена.

Во неа ќе бидат вградени корогирани цевки со профил „Фи“ 1.000, за оптимална пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

Ова е четврта фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот од сегашните 2.270 метри ќе се зголеми на 4.170 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица, реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА  НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Ангажираната оператива на струмичката фирма „Жикол“ деновиве во Ваташа работи на асфалтирањето на новиот  мост од регионална улица „Страшо Пинџур“. Во оваа фаза од изградбата се поставува првиот слој асфалт на споредниот пристап од улиците „Ферчо Поп-Ѓорѓиев“ и „Илчо Димов“, како и на делот од улицата „Страшо Пинџур“ од спојот со ул.„Вано Гурев“ во правец на Моклиште.

Денеска се поставуваше првиот слој на асфалт, а за утре е предвидено и поставување на завршниот фин слој, со што ќе завршат градежните работи на овој какпитален објект.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Мостот е од исклучителна важност, бидејќи се наоѓа на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, по кој се одвива интензивен патнички и товарен сообраќај. Ова е проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на тој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Општината апелира до граѓаните и учесниците во сообраќајот за време на асфалтерските работи да се придржуваат на времениот режим на сообраќај, со што ќе придонесат за непречено и квалитетно одвивање на работите.

Завршува асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур“

Завршува асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива завршува со асфалтирање на уште една улица од проектот МСИП, поддржан од Светска банка и ЕУ, кој се однесува на реконструкција на главните улици во градот.
Денеска завршува ревитализацијата на асфалтот на коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“. Обновен е стариот и дотраен асфалт на делницата од спојот со ул. „Ресавска“ кај „вториот триаголник“ па до ваташката пошта.
Со овој зафат општината ревитализира улица од регионален карактер која е главна сообраќајна артерија на Кавадарци во правец север-југ. Преку неа се одвива и целокупниот сообраќај кон селата од подкожувјето каде има значајни стопански капацитети.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ПАТЕКИ ПРЕД КОМПЛЕКСОТ ЗГРАДИ НА БУЛ „КОЧО РАЦИН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ПАТЕКИ ПРЕД КОМПЛЕКСОТ ЗГРАДИ НА БУЛ „КОЧО РАЦИН“

Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ реализираше проект на општината за партерно уредување на пешачки патеки и пристап пред зградите на булеварот „Кочо Рацин“.
Согласно проектот, претходно на оваа локација се изврши поплочување на тротоар на улицата „Орце Николов“, под хотелот „Уни Палса“ 1, се оформи делница на сообраќаен пристап, а со бехатон плочи се урбанизираше и пристап до влез во зграда.
Од овој простор, претходно се отстраниа лимени гаражи, се расчисти отпад и шут, се кастреше бујна вегетација, се изгради нов паркинг, а се прошири и преасфалтира постоен паркинг, потоа се огради спортски терен и се изврши хортикултурно уредување.
Просторот општината го урбанизира согласно програмата за комунална изградба, а на барање на жителите од овој дел на Урбаната заедница „Кула“.

ОПШТИНАТА ГРАДИ „СКЕЈТ ПАРК“ НА  СПОРТСКИОТ ЦАНТАР „ЈАСМИН“

ОПШТИНАТА ГРАДИ „СКЕЈТ ПАРК“ НА СПОРТСКИОТ ЦАНТАР „ЈАСМИН“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива, започна со реализација на проектот за изградба на „Скејт парк“. На површина од  770  квадратни метри, планирано е да се изгради бетонско плато со финална обработка до мазен сјај, за рекреација и забава на младите „скејтери“.

Со проектот се предвидува изградба заштитна ограда, како и поставување на 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).

Од реквизитите кавадаречкиот скејт парк ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile), како и пропратна опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.

Се преедвидува и осветлување со рефлектори за користење на скејт паркот и во вечерни часови.