Категорија: Проекти

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје со поставувањето на вториот,т аканаречен фин слој асфалтна маса го заврши асфалтирањето на новиот кружен тек. Новото сообраќајно решение е трто од ваков вид на територијата на град Кавадарци, а се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот, на стариот влез во Кавадарци од правецот на Неготино.

Во наредната фаза ќе бидат поставени вертикалните сообраќајни знаци, а ќе се вцртаат и лините во бела, жолта и црна боја од хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Успешно реализиран проектот “Грижа на стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“.

Успешно реализиран проектот “Грижа на стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“.

Програмата општинско-корисна работа е финансирана од страна на УНДП и има за цел да го унапреди системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Општина Кавадарци има одредено искуство, односно одредени мерки кои ги превзема за развој на интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита кој обезбедува достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги креирани според потребите на корисникот.
Оваа година се ангажираа 12 лица како негователи во период од 6 месеци, ангажманот отпочна од 1 октомври 2017 година и траеше до 31 март 2018 година. Општина Кавадарци го финансираше делот за персонален данок на доход.

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев достави фезибилити студија за регулирање на вишок на грозје во РМ до Премиерот г-дин Зоран Заев, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски и Специјален советник во Кабинетот на Премиерот г-ѓа Ленче Николовска. Со реализирање на овој проект би се решил проблемот на лозарите во годините кога се појавува вишок на грозје. Овој проект е од големо значење за Тиквешкиот регион.

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ

Проектот Локална солидарност – Глобална солидарност, финансиран од програмата на Европската Унија- Европа за граѓаните.

Општина Кавадарци е партнер во проектот Локална солидарност-Глобална солидарност, финансиран од програмата на Европската Унија- Европа за граѓаните.

Во мрежата СОЛИД се вклучени 13 града,  региони, и граѓански организации од Европската Унија, Србија и Македонија. Целта на проектот е да се имплементираат

нови политички алатки кој што ќе и овозможат на локалната заедница да има поголемо влијание врз глобалната Европска солидарност во време на институционална

и хуманитарна криза, со која што различни држави од Еврпопа моментално се соочуваат. Од 14.-16 Март ќе се одржи првиот настан во Брисел, каде што се предвидени низа

работилници, пленарни сесии како и посета на Европската комисија. Претставници од локалната самоуправа, поточно од секторот за Локален развој, Тодор Ефремов,  Сашо Мошев и Даниел Чолакоски, ќе остварат средба со г-дин  Влатко Станковски – Вршител на должност на Постојаната мисија на Република Македонија во ЕУ, каде што ќе разговараат за лобирање и застапување на локалната самоуправа пред Европските организации.

LOCAL SOLIDARITY = GLOBAL SOLIDARITY NETWORK 

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ„РЕЛОАД“ПОМЕЃУ ОПШТИНАТА,ЕУ УНДП И НВО СЕКТОРОТ

Почитувани,

Денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа јавна дебата, за проектот „РеЛОад“ – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа, во периодот 2018-2019 година, ќе учествува во овој проект, кој се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите Нации – УНДП.

Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан преку јакнење на граѓанското општество со цел истото да земе активно учество во донесување на одлуки на локално ниво.

Денеска претставниците на општина Кавадарци како и претставниците на УНДП имаа можност преку дискусија со заинтересираните претставници на невладиниот сектор од Кавадарци на транспарентен начин да ги дефинираат приоритетите на ниво на општина, кои ќе послужат како показатели за понатамошно реализирање на проектите.

Општината ЕУ и УНДП очекуваат дека со ваквиот пристап ќе ги прошират релациите помеѓу локалната власт и граѓанските организации и ќе го подобрат квалитетот на услугите кон граѓанските НВО организации.