Категорија: Проекти

САНИРАЊЕ НА ФАСАДА – ЗГРАДА БРОЈ 1 НА УЛИЦАТА „ФЕРДО РОСОМАНСКИ“

САНИРАЊЕ НА ФАСАДА – ЗГРАДА БРОЈ 1 НА УЛИЦАТА „ФЕРДО РОСОМАНСКИ“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за пштината.

Изведувачот на работите кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ деновиве работи на санирање на фасадата на осмата зграда, лоцирана над подземната гаража на плоштадот на ул.„Фердо Росомански“бр.1.

Акцијата започна пролетва со обнова на фасадата на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Продолжи со обнова на фасадите на зградите на ул. „7-ми Септември“ бр.51 и бр.53 под полицијата, како и на зградата Стопанска банка АД Битола на ул.„7-ми Септември“ бр.13.

На улицата „Илинденска“ се обновени фасадите на зградите „Стара автобуска“ бр.32 и  кај „Тутунска банка“ бр.81. Обновена е и фасадата на зградата на ул.„Тиквешко востание“ бр.2 (казино).

Останува да се завршат фасадите на зградите на: ул. „Браќа Хаџи-Тефови“ бр.2, на ул.„Благој Крстиќ“ бр.1, зградата Водостопанство Тиквеш на ул.„Илинденска“ бр.26, на зграда бр.17 на ул. „Мито Хаџи Василев-Јасмин“,како и Општинска зграда (заден дел).

Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Општина Кавадарци во рамките на Програмата за комунална изградба реализираше уште еден проект. Градежната оператива на фирмата „РМК градба“ од Скопје, изврши поплочување на крак од улицата „Клинска“ над „Калнички дол“ со што жителите од овој дел на градот добиа уредена комуникација без прашина и кал.
Општината овде интервенираше со поставување на бехатон коцки, а претходно се изврши нивелирање и тампонирање.
Проектот се реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

ЗАВРШИ ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

ЗАВРШИ ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје заврши со реализација на проектот за партерно уредување на „Паркот на револуцијата“.

Денеска се поставиа последните плочки на централната патека со што завршиа градежните работи. Општината Кавадарци ја уреди целокупната површина со бехатон коцки. Обновнеа е површина од 300 метри квадратни која опфати патеки во ниското плато на паркот кон улицата „Браќа Џунови“.

Со овој проект општината ги обнови сите пристапи патеки во паркот. За заокружување на проектот ќе се преуредат зелените тревни површини на ниското плато.

ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ГРАДБА

ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ГРАДБА

Преадаптацијата на поранешната амбуланта во Возарци во градинка и здравствен објект привршува. На барање на жителите општината гради детска градинка и го реновира просторот за амбуланта. Градбата е во завршна фаза. Објектот има целосно нова термо фасада, нова ПВЦ столарија, обновена електрична инсталација, како и звучна и термо изолација на таванот.
Во наредниот период останува да се корегираат делови во внатрешноста, да се обнови пристапот и да се исчисти и уреди дворот на објектот кој по реконструкцијата ќе функционира двонаменски. Новата градинка во Возарци ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.
Со овој проект општината обезбедува подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе стандардот на живеење.

„ВИНСКА КУЌА“ СЕ АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

„ВИНСКА КУЌА“ СЕ АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

Проектот за „Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци“ во Градскиот парк се реализира непречено. Во оваа фаза се работи на поставување изолација на ѕидовите со термо фасадата. Досега е реализиран делот со изградбата на новата челична конструкција.

Реконструкција на Винската куќа, предвидува и замена на стариот покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување,

Финансиската конструкција изнесува 8.925.826  денари, од кои 3.096.460 денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци за 2019 година, додека останатите 5.829.366 денари се учество на Бирото за регионален развој.

Намената на реновираниот и адаптиран објект ќе биде „Вински музеј“ од регионален карактер. Во него ќе бидат изложени музејски артефакти,посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина и производи од грозје од производители од регионот, како и да се запознаат со тардицијата во производството на вино.

Општината Кавадарци проектот го реализира преку Бирото за регионален развој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.