Категорија: Проекти

НОВИ КЛУПИ НА „ИЛИНДЕНСКА“

НОВИ КЛУПИ НА „ИЛИНДЕНСКА“

Општината Кавадарци постави нови клупи на улицата „Илинденска“.  Ангажираната фирма „Метал Апостолов“ според проектот изработи 40 типизирани клупи кои треба да се постават на тротоарите од двете страни на улицата.

Деновиве 25 нови клупи се поставени во делот на „БИТ“ зоната, а преостанатите 15 ќе се наместат на потегот од „старата автобуска“ во правец на новиот центар.

Станува збор за замена на старите со нови клупи кои се исти со оние на плоштадот. Општината согласно проектот старите клупи ќе ги репарира и ќе ги постави на повеќе локации во градот каде претходно се изврши партерно и хортикултурно уредување.

Во наредниот период ќе се реализира и проект за поставување на нова урбана опрема на јавно прометни површини во Кавадарци .

НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА  НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

Проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри е во одмината фаза на реализација.

Деновиве се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изврши реконструкција на старата и дотраена подземна инфрастуктура. Се поставиа нова водоводна како и линии за фекална и атмосферска канализација.

По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.

 

4 КАНДЕЛАБРИ НА ТРОТОАРОТ НА  УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

4 КАНДЕЛАБРИ НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма реализира проект за дополнување на јавното улично осветлување. На тротоарот на улуцата „Тиквеќко востание“ од страна на зградата на општината се поставуваат 4 ниски канделабри со светилки во форма на фенери.

Станува збор за дислоцираните канделабри од плоштадот во кои ќе се вградат еколошки штедливи ЛЕД светилки. Целта на општината е да се подобри јавното улично осветлување на потегот од спојот на ул. „Илинденска со улицата „Миле В‘чков“ до тунелот кај „социјалното“.

СЕ УРЕДУВА ЖАРДИНЕРАТА  ПРЕД ХОТЕЛ „БАЛКАН“

СЕ УРЕДУВА ЖАРДИНЕРАТА ПРЕД ХОТЕЛ „БАЛКАН“

Општината продолжува со проектот за реконструкција на градскиот плоштад, во делот каде беше малата летна сцена, пред хотелот „Балкан“. Според новото архитектонско решение на тоа место сега се гради стилска жардинера со одморалиште.

Во оваа фаза од изградбата, ангажираната оператива лепи декоративни плочки – „буња“ на ѕидовите од жардинерата. Украсните елементи се од ист материјал како на постојните жардинери на плоштадот.

Откако ќе заврши оваа операција, во наредниот период ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на нова урбана опрема во делот за одмор во жардинерата.

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реализацијата на сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.
Денеска се спроведе монтажата на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Проектот предвидува овде да се постават три носачи и тоа два на улицата „Илинденска“ и еден на ул.„Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Претходно оперативата на изведувачот „Конструктор“ од Кочани, ги постави 4-те мали столбови за пешачките семафори. Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.
Полупортални столбови ќе бидат поставени и на преостаните две раскрсници предвидени за реконструкција на семафорите и тоа три кај „Старата автобуска“ и 2 столба на бул. „Моша Пијаде“ на раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“.
Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век.