Категорија: Проекти

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци го реализира проектот за ревитализација на крак од улицата „Брушанска“. Се работи на поставување нови ивичници, по што ќе следи фаза на тампонирање и асфалтирање.

Според проектот ќе се асфалтира површина од 910м2,

По реализацијата на проектот жителите на овој дел од градот ќе добијат уште една ревитализирана улица како надополнување на веќе реконструираните улици „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА  „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Ревитализирана уште една улица во Кавадарци. Фирмата „Изолација“ во рамките на проектот за обновување на дотрајаниот и оштетен асфалт на неколку улици, изврши поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Овој пат се работи за поставување нов асфалт на површина од 1500м2 и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри.

РЕВИТАЛИЗИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА  „ДИСАНСКА“

РЕВИТАЛИЗИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

Во рамките на втората кампања за ревитализирање на улиците во Кавадарци, викендов изведувачот „Изолација“ асфалтираше делница од улицата „Дисанска“.

Согласно проектот се постави нов слој асфалт на површина од 1350 м2, со што се обнови дел од оваа улица.

Претходно беше извршено гребење на стариот и оштетен асфалт.

На оваа локација општината инвестираше пари од буџетот за изградба на тротоарска делница.

НОВ ДЕТСКИ ЗАБАВЕН ПАРК

НОВ ДЕТСКИ ЗАБАВЕН ПАРК

Општина Кавадарци во рамките на Програмата за изградба на Детски забавни игралишта, успешно релизираше уште еден проект.

Фирмата ЗД „Горан“ од Кавадарци постави пет реквизити во новото забавно игралиште кое се наоѓа во Паркот на Револуцијата наспроти полицијата.

Со овој нов детски забавен парк општината обезбеди уште едно катче за забава на децата од Кавадрци и тоа на локација која е една од најпосетените за одмор на граѓаните.

УЛИЦАТА „СТРУШКА“ АСФАЛТИРАНА

УЛИЦАТА „СТРУШКА“ АСФАЛТИРАНА

Оперативата на фирмата „Изолација“ изврши асфалтирање на улицата „Струшка“ со целосно нов слој на површина од 1340м2.

Со ревитализација е опфатен делот од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“.

Од сметка за комунална изградба општината инвестира 2.100.000 денари.

Во оваа кампања се реконструираа една улица во селото Марена, потоа улицата „Јован Планински“ улицата „Струшка“.

Ќе следува асфалтирање на улиците „Владимир Назор“, и „Дисанска“.