Категорија: Проекти

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „25 МАЈ“

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „25 МАЈ“

Општина Кавадарци реализираше уште еден значаен проект од комуналната изградба.

Оперативата на фирмата „Коле Транс-Инжинеринг“ од Штип изврши асфалтирање на дел од улицата „25 Мај“ со вкупна површина од 600м2, со што се заокружија градежните активности на оваа улица.

Асфалтирањето на делницата беше последната фаза од проектот кој опфаќаше, пробивање на улицата во должина од 100 метри, како и изградба на два потпорни ѕида за стабилизирање на земјиштето. Со овој проект се отстрани и последната пречка за оформување на целата должина на оваа улица која е паралелна на улицата „Шишка“.

Улицата „25 Мај“ која се пробиваше на барање на жителите сега во целост е проодна од нејзиниот почето кај периферијата на Глишиќ, до спојот со улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ над „Расадникот“.

АСФАЛТИРАН ПАРКИНГОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

АСФАЛТИРАН ПАРКИНГОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

Општината Кавадарци во склоп на пролетната кампања за комунална изградба ставка „Тековни и планирани проекти“  во Урбаната заедница „Љубаш“ го реализираше проектот за асфалтирање на паркинг и пристпа на згради на булевар „Македонија“.

Оперативата на фирмата „Коле транс“ од Штип  на претходно подготвена и тампонирана подлога постави асфалт на површина од 530 квадратни метри. Овој простор е дел од јавно прометните површини меѓу зградите на булеварите „Македонија“ и Кочо Рацин“ каде општината во минатиот период исто така асфалтираше паркинг, огради спортски терен, ги отстрани лимените гаражи и изврши хортикултурно уредување.

Во склоп на Проектот број 18, општината во наредниот период во оваа Урбана заедница ќе ги рализира и проектите: Поплочување на пешачка патека, паркинг и пристап на згради на булевар „Кочо Рацин” и бул. „Никола Минчев”. Пота пешачка патека кај Белка зградите, парк „Полана“, тротоар на ул.”Никола Минчев”, како улици во населбата „Јасмин“.

АСВАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НИКОЛА КАРЕВ“

АСВАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НИКОЛА КАРЕВ“

Оперативата на фирмата „Коле транс“ од Штип асвалтираше дел од улицата „Никола Карев“ на потегот од сапојот со улицата „Ресавска“ до влезот во Основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов“.

Според проектот се реконструира должина од 130 метри. Претходно беше отсранет стариот и дотраен асвалт, по што се изврши порамнување со тампон.

Оваа улица се реконструира на барање на жителите, а во рамките на пролетната кампања за комунална изградба.

Улицата е особено користена од учениците во училиштетео „Тоде Хаџи-Тефов“, а со нејзината реконструкција општината обезбедува поголема безбедност како за пешаците, така и за останатите учесници во сообраќајот

НОВ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

НОВ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци го релизира проектот за изградба на нов „Зелен пазар“ на просторот пред „Судската палата“ во новиот центар.

На површина од 1.500 м2 се изврши бетонирање на подлогата на просторот каде ќе бидат поставени тезгите, а парарлелно се поставиа бехатон плочки на површина од 1.000 м2 на делот за паркинг простор на новиот зелен пазар. Изведувач на работите е фирмата „Пер инжинеринг“.           Претходно на овој просрор се изгради и саниутарен јазол.

Новиот Зелен пазар се гради за потребите на времена дислокација на Градскиот зелен пазар кој Општината ќе го реконструира и осовременува. Новоит пазар ќе биде во фукција се до завршувањето на работите на градскиот зелен пазар.

ЦЕЛОСНО РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ

ЦЕЛОСНО РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ

Општина Кавадарци целосно ја ревитализира улицата „Пано Мударов“. Во последната фаза од релизацијата на проектот специјализирана екипа на ЈП„Комуналец“ вршеше обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Вчера поладне ангажираната оператива заврши со поставувањето на финиот слој асвалт со што општината заокружи уште еден успешен зафат од проектот за ревитализација на главните улици во градот.

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на овој значаен проект со кој по скоро пет децении централните и најстари улици кои се „крвотокот“ на градските и регионални комуникации ќе се ревитализираат и ќе бидат многу побезбедни за одвивање на сообраќајот.