Категорија: Реализирани проекти

ЗАВРШНИ РАБОТИ ОД ПРОБИВАЊЕТО НА УЛИЦА „КУКУШКА“

ЗАВРШНИ РАБОТИ ОД ПРОБИВАЊЕТО НА УЛИЦА „КУКУШКА“

Општина Кавадарци привршува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“ и нејзино спојување со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.

Со поставувањето на бехатон коцките се оформи проширена улица за дополнителни 20 сантиметри, а се отвори и нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.

Општината на оваа локација најпрвин спроведе рушење на стар куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот. Со тоа се отстрани сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.

Согласно проектото општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА  УЛИЦАТА „СКОПСКА“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

 

Засилува комуналната изградба. Општината Кавадарци започна со реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри.

Според проектот треба да се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура и на коловозната лента. Се започна со отстранување на гранитната коцка, по што Јавното комунално претпријатие ќе изврши реконструкција на старата и дотраена канализациона  и водоводна мрежа. Ќе бидат поставени нова водоводна линија, како и фекална и атмосферска канализација.

По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.

НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

Општина Кавадарци е во фаза на реализација на уште еден инфраструктурен проект од комуналната изградба.  Оперативата на фирмата „Цвет компани“ од Скопје поставува канализациона линија на дел од улицата „8 Септември“.

Се работи за нова линија со паралелни цевководи за фекална   и атмосферска канализација. Новата линија се поставува на потегот од влезот во ВВ „Тиквеш“ до влезот во стопанскиот двор на „Градба промет“. Вкупната должина на оваа делнице е 200 метри.

Според проектот се поставуват пластични цевки со профил фи. 500 милиметри за фекалната и фи. 400 милиметри за атмосферската канализација.

На овој дел ќе се постави и нова водоводна линија. Оваа нова подземна инфраструктура ќе биде во функција на жителите од населбата  Урбан блок „Бел Камен“.

ПРОБИЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА  „СТРАШО ПИНЏУР“

ПРОБИЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Како дел од програмата за комунална изградба Општина Кавадарци реализираше проект за рушење на стари куќи подложни на паѓање, кои воедно и правеа пречки во нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Во текот на октомври и почетокот на ноември беа рушени две такви куќи на улицата „Страшо Пинџур“ кај „вториот триаголник“.

Веднаш по нивното отстранување општината превзеде мерки за пробивање на тротоар во должина од педесеттина метри, како продолжение на постоечкиот.

Општина Кавадарци со рушењето на два опасни објекти трајно реши децениски проблем. Имено овие куќи со еден свој дел влегуваа во коловозната лента стеснувајќи ја улицата, при што претставуваа опасност како за возилата така и за пешаците. Пробивањето на ова тесно сообраќајно грло во многу ќе го подобри нормалното и непречено одвивање на сообраќајот по мошне фрекфентната регионална улица „Страшо Пинџур“ во правец кон Ваташа како и кон Витачеви и селата и капацитетите од „подкожувјето

 

 

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Општина Кавадарци го реализираше проектот за целосна реконструкција на делница од улицата „Северен булевар“.

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев, во придружба на Марко Колев од Вардарскиот плански регион и раководителите на Секторите за урбанизам Драган Симоновиќ и за Локален економски развој Тодор Ефремов денеска изврши увид во работите како и промоција на реконструираната делница.

Во обраќањето до јавноста градоначалникот Јанчев истакна: „Овој проект  се  реализира  со средства на Општината и на Вардарскиот плански регион во износ од 8.526.000 денари. Во ваа фаза се обнвои делница од 450 метри на потегот од спојот на северен со западен булевар, па до прилучокот на Булеварот „Никола Минчев“ со обиколницата „Северен булевар“. При промовирањето на обновената делница посочи дека ова е само дел од обемниот проект во општината преку кој со посредство на Светска банка ќе се реконструираат сите главни улици во Кавадарци, вклучително и преостанатиот дел од „Северен Булевар“.

Со овој зафат се заокружи проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на коловозната лента на дел од обиколницата север која ги спојува влезотвите во Кавадарци од правец на Неготино и од правецот на Росоман.