Категорија: Реализирани проекти

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Општина Кавадарци го реализираше проектот за обележување на хоризонталната патна сигнализација на реконструираната делница на „Северен булевар“.

На должина од 450 метри, преку оперативата на ЈП „Комунале“ се обележаа испрекинатите бели линии, срелките покажувачи на правец и пешачки премини. Новата хоризонтална сообраќајна сигнализација е обележана на делницата од спојот на северен со западен булевар, па до прилучокот на Булеварот „Никола Минчев“ со обиколницата „Северен булевар“.

Со овој зафат се заокружи проектот на Општина кавадарци за целосна обнова на коловозната лента на дел од обиколницата север која ги спојува влезотвите во Кавадарци од правец на Неготино и од правецот на Росоман.

РЕВИТАЛИЗИРАН ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

РЕВИТАЛИЗИРАН ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Со завршните работи од реконструкцијата на делница од „Северен булевар“ се постави вториот слој „асфалт-бетон“ со дебелина од 6 сантиметри во должина од 450 метри со што овој потег од заобиколницата ќе биде со подобрени перформанси.

Проектот во вредност од 8.526.000 денари покрај асфалтирањето, опфати прво отстранување на стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од 3.400м2, при што целосно беше извадена старата подлога.

Во правец на подобрување на носивоста, согласно повисоките применети стандарди на нејзино место се постави „гео композит“, како и нов слој дробен камен од 40 сантиметри како подлога на која се нанесоа два слоја асфалтна маса со вкупно 15 сантиметри.

Со овој проект носивоста  на подлогата на оваа делница е повеќекратно подобрена.

Во оваа фаза се ревитализира потегот од спојот на Северен со Западен булевар, па до спојот со булеварот „Никола Минчев“.

Реконструклцијата е проект на општината преку Вардарскиот плански регион, а во наредната фаза општината ќе пристапи кон ревитализација на преостанатиот дел од „Северен булевар“ преку проектот со Светска Банка за ревитализација на главните улици во Кавадарци.

ИЗГРАДЕН ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

ИЗГРАДЕН ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

Оперативата на фирмата „АС машини“ го реализираше проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „Киро Спанџов“ во правец на спојот со улицата „Слога“.

На овој дел се поставиа бехатон плочки на површина од 300м2, за што општината инвестира сума од 260.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.

Реализацијата на проектот тротоар е на барање на жителите од овој дел на градот.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Во Ваташа е во тек реализација на комунален проект за поплочување на крак од улицата „Боро Ваташки“. Оперативата на фирмата „АС машини“ ги изведува подготвителните земјени работи на теренот на просторот меѓу црквата и блиската зграда.

Се поставуваат и рабници со кои ќе се оформи површината на која ќе бидат поставени павер елементи.

Проектот е на барање на жителите од селото Ваташа кои гравитираат кон оваа улица.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЦАР САМУИЛ“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЦАР САМУИЛ“

Кампањата за ревитализација на градските улици продолжува. Ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на улицата „Цар Самуил“ веднаш под спортскиот центар „Јасмин“.

Преку проект на Општина Кавадарци беше асфалтирана површина од 600м2.

Претходно ЈП „Комуналец“ на оваа улица постави атмосферска канализација.

И овој проект Општина Кавадарци го реализира на барање на граѓаните кои живеат во овој дел на градот.