Категорија: Uncategorized

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев даде отчет за сработеното во четири годишниот мандат.

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев даде отчет за сработеното во четири годишниот мандат.

,,Почитувани сограѓани,

На крајот сме од овој мандат. Изминаа четири години во кои заеднички работевме. Четири години заеднички ги исполнуваме сите идеи што ги имавме уште на почетокот, Кавадарци да стане убаво место за живеење. Квалитетното и домаќинско работење на сите служби на Општина Кавадарци придонесе за тоа, денес да живееме во убав и безбеден град. Предизборната програма ја реализиравме уште многу одамна. Работевме и на проекти кои не беа дел од таа програма но произлегоа од Вас драги сограѓани. Вашите потреби и желби, Вашите идеи секогаш се на прво место.

Со прогресивен развој и напредок стигнавме до прво место. Кавадарци сега има целосно изграден и реконструиран кеј на реката Луда Мара од ул.Блажо Алексов па се до с.Ваташа. Реализацијата се вршеше преку неколку проекти кои на крајот на сочинуваат целината која го поврзува градот со с.Ваташа со пешачка зона, но и понатаму се до Моклиште со изградбата на велосипедско – пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште.

Во завршна фаза е и изградбата на уште еден парк, до споменикот на Киро Крстев, простор кој сега ќе биде парк со пешачка зона, фонтана и други содржини за рекреација. Во поглед на овие проекти значително се зголемени и зелените површини низ целата територија на Општина Кавадарци. Кавадарци веќе години наназад е на врвот на листата за најеколошки град во нашата земја.

Се градат две спортски сали во две училишта. ООУ Страшо Пинџур и ООУ Димката Ангелот Габерот с.Ваташа ќе добијат спортски сали по долги години постоење.

Уште во 2019 та година со доградбата на нови простории во неколку градинки, го решивме проблемот со згрижување на деца во градинките. За неколку недели и целосно ќе заврши изградбата на нова детска градинка на ул.Ресавска.

Во делот на спортот, како најголем проект е целосна реконструкција на градскиот стадион Тиквеш. Во наредниот период ќе започне со изградба и затворениот базен на локацијата на стара Ла Луна.

Еден од најголемите проекти е изградбата на зелен пазар во централното градско подрачје. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за сите нас, ќе се намали сообраќајниот метеж, централното градско подрачје ќе добие нов лик.

Во однос на инфраструктурните проекти , во изминатите години беа целосно реконструирани голем број на улици. Ул.Шишка, ул.Илинденска, Западен булевар, ул.Блажо Алексов, ул.Клинска, ул.Браќа Џунови, ул.Ресавска и уште многу други. Ова се само дел од главните сообраќајници кои добија нов модерен изглед.

Во однос на околните села еден од поголемите реализирани проекти е изградбата на водоводна и канализациона линија во с.Сопот. Исто така с.Возарци и с.Марена добија детски градинки.

Драги кавадарчани,

Овие проекти се само мал дел од сето она досега сработено, што го прави Кавадарци поразлично од порано. Ова е само дел од тоа што не прави модерен и безбеден град. Град во кој младите ќе останат да живеат, да градат семејства и да напредуваат. Сето ова го постигнавме заедно, без Вас и Вашата поддршка Кавадарци немаше да биде на прво место. Ова е заеднички успех.

Сакам да изразам голема благодарност до Советот на Општина Кавадарци, вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија како и бизнис секторот за добрата тимска работа, самоиницијативата и несебичната заложба за нашето Кавадарци.

Во овој отчет се собрани голем дел од реализираните проекти во овие 4 години. Овие проекти се реализирани од Општина Кавадарци преку проектот Мој општинар, инвестиции во образованието, спортот и културата, инвестициите и работењето на ЈП Комуналец ЈП Паркинзи и ТППЕ Кавадарци.

Започнавме со мотото “За убаво Кавадарци. Кавадарци на прво место“ тоа и го постигнавме, а сега наше е да бидеме горди и да го зачуваме тоа што го имаме. Но најважно од се, да одиме уште напред, уште подобри и да создадеме уште поубаво Кавадарци.,,- рече градоначалникот Митко Јанчев на денешниот ПРЕС свикан за да се даде отчет за неговото четириогодишно работење. на функцијата грададоначалник.

Јавен Повик за пријавување на материјална штета на лозови и на овошни насади

Јавен Повик за пријавување на материјална штета на лозови и на овошни насади

Јавен Повик за пријавување на материјална штета на лозови и овошни насади од природна непогода-суша на територијата на Општина Кавадарци.

         Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета на лозови и овошни насади од природна непогода-супша којашто го зафати подрачјето на територијата на општината, во месеците јули-август 2021 година, истата да ја пријават во просториите на општина Кавадарци.

         Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 30.08.2021 година (понеделник) до 10.09.2021 година (петок) во периодот од 08:30 до 16:30 во Граѓански услужен центар-Општина Кавадарци.

Се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во Градскиот парк “Љупчо Шкартов”

Се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во Градскиот парк “Љупчо Шкартов”

Во Градскиот парк “Љупчо Шкартов” се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во должина од 520 метри и на истата се поставени канделабри, за граѓаните да можат непречено да се движат по патеката во вечерните часови. Исто така во паркот се изврши санирање на оштетените камени ѕидови со обѕидување на истите, а на дел од пешачките патеки се изврши и реконструкција со гранитни коцки. Се поставија нови парковски рабници на бетонска подлога и се постави нова чешма за пиење вода како и бетонска платформа околу чешмата. Изведувач на овие градежни работи за реконструкција на Градски парк “Љупчо Шкартов” западен дел, е ТЕС-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје.

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА  „САВА КОВАЧЕВИЌ“

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „САВА КОВАЧЕВИЌ“

Општина Кавадарци во населба Глишиќ раелизира градежен проект за обновување на ул.„Сава Ковачевиќ“. Според планот треба да се изврши отстранување на стариот оштетен асфалт, а на негово место да се постави нова асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри. Проектот предвидува реконструкција на улицата во должина од 300 метри каде ќе се асфалтира површина од 1200 метри квадратни.

Претходно на оваа делница се постави линија за атмосферска канализација со решетки за зафаќање на површинските води. Работите кои започнаа денес ги изведува фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

Интерен оглас бр. 01/2020

Интерен оглас бр. 01/2020

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2020

За унапредување на  3  административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 3   (три) извршители и тоа :

 

  1. УПР 01 01 Б02 000 Раководител на Сектор за образование и спорт, Сектор за образование и спорт……………1 (еден) извршител;
  2. УПР 01 01 В03 000 Соработник за архивско работење, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правно-нормативни и општи работи…………..1 (еден) извршител;
  3. УПР 01 01 В02 000 Виш Соработник за локален економски развој, Одделение за подготовка на стратешки и плански документи и подготовка на проектна документација, Сектор за локален економски развој………….1 (еден) извршител. 

 

ИНТЕРЕН  ОГЛАС  БРОЈ 01/2020