Општина Кавадарци преку јавно објавување дозволува истакнување на изборни плакати без надоместок на места што се утврдени од општината.
Се повикуваат учесниците во изборната кампања да поднесат барање преку архива на општина Кавадарци заради определување на места за истакнување изборни плакати.
Општината има опбврска да ги обележи местата за секој подносител на листи одделно.
Општината е должна да обезбеди еднакви услови за сите учесници на изборната кампања при истакнувањето на плакати на утврдените места.
Изборните плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.
Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде што се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.
Јавната објава содржи графички прилог и просторен опис на утврдените места за истакнување на изборните плакати.