23.12.2022
Градоначалникот Митко Јанчев во просториите на Општина Кавадарци имаше и работен состанок со министерот за Локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалниците на општините Велес, Неготино и Свети Николе, директорот на Вардарски плански регион, со претставници од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и членови на управниот одбор на македонско – турската стопанска комора на кој се разговараше за можностите за идна соработка се со цел реализација на идни проекти кои што би значеле развој на Вардарски плански регион.
Од страна на градоначалниците беа презентирани можностите за развој на нашиот регион, додека од страна на официјалните претставници од управниот одбор на МАТТО беа презентирани развојните проекти на ниво на цела држава.