Кавадарци - основни податоци - мапа
- Локација:
Територијата на Општина Кавадарци се простира на подрачјето на средно Повардарие и делот на Црноречието, од браната „Тиквеш“, до сливот во реката Вардар, па се до висорамнината Витачево и зафаќа значителен дел од Тиквешката котлина. [мапа] - Население:
37189 жители - Клима:
Просечна годишна температура 13,5 Cо ; Жешки и суви лета и снежни зими
Кавадарци - основни податоци 1
Според досега откриените археолошки локалитети, Кавадарци било населено уште од времето на неолитот. Исто така овде се откриени и белези од населби во античкиот период и средниот век. Денеска Кавадарци на посетителите им нуди необично и богато доживување. Наследството од средновековниот период претставено преку прекрасните цркви, Марковата кула, пештерските убавини за кои вреди да се планинари.
Доживејте ја Тиквешијата и патувајте низ антиката, низ времето, традицијата, низ центарот на Република Северна Македонија.
Големината на овој народ не е во неговата бројност, туку во добрината и гостопримството.