градоначалник - надлежности
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со Законот за локални избори, за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот во рамките на своите надлежности:
- Ја претставува и застапува Општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на Општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
- Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
- Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
- Го предлага Годишниот Буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината;
- Го извршува Буџетот на Општината;
- Избира директори, врз основа на јавен конкурс, на Јавните претпријатија,
- Јавните Установи и други јавни служби кои ги основала Општината;
- Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- Раководи со општинската администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определно со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување, и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статутот
- Издава Одобрение за вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект;
- Донесува акт за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност од помал обем;
- Донесува решение за вршење на трговска дејност од мал обем;
- Донесува решение за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола;
Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.