Go sakam kavadarci uvod
Го сакам Кавадарци
Книгата што ја имаш пред тебе, ти ја подаруваме по повод твојот најзначаен роденден и полнолетството. Влегувањето во една нова етапа од животот сигурно те прави по малку несигурен но и бескрајно љубопитен за тоа што ќе се случува понатаму. Ова е можеби најубавиот, но и најзначајниот период од твојот живот. Пред тебе се предизвици, важни одлуки, за кои треба да се трудиш, големи чекори кои чекаат да бидат направени.
Прелистувајќи ги страниците на оваа книга, ќе го запознаеш твоето Кавадарци, од неговото постоење па се до денес. Книгата содржи кратки но важни информации за твојот град. Ќе те вратиме назад во минатото,
многу одамна, во животот на твоите предци, ќе те запознаеме со неговите корени, растежот, развојот и системот на функционирање. Ќе погледнеш како изгледале улиците по кои сега чекориш, и ќе ја воочиш големата разлика на убавото Кавадарци кое низ времето го менува својот лик, но го задржува духот на југот, гостопримливоста и топлината.