Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци од нејзиното основање па се до 2017 та година.
Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многудруги. Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.
Митко Јанчев е особено горд на привилегијата- Претседател на иницијативниот одбор за изградба на црквата “СветаПетка” во Кавадарци каде исто се појавува и како еден од поголемите инвеститори на светиот храм.
Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите. Неговата најголема амбиција е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка.
За овие избори Јанчев кажа:
„Ја водев најтешката битка во мојот живот.“
Во 2018 та година беше избран за потпредседател на ВМРО-ДПМНЕ , оваа функција ја извршуваше до крајот на 2018 та година. Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци се до 2018 та година. Во 2018 та година, Митко Јанчев, е основач на фондацијата “Никола Јанчев“, фондација која го носи името на неговиот покоен татко. Фондацијата има една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности. Тој се откажува од градоначалничката плата која секој месец се префрлува на сметка на фондацијата.
Во досегашното свое функционирање како градоначалник успеа да реализира голем број на проекти.Кавадарци видно го измени својот лик. Напорното работење заедно со Советот на Општина Кавадарци го прават еден од најуспешните градоначалници во Република Северна Македонија. Реализираше проекти како Мој општинар кој е единствен проект од таков тип во земјата а со тоа значително се доближи до граѓаните и успешно се решаваат секојдневните барања на жителите на Општина Кавадарци.
Доста коментирана е и соработката во Советот на Општина Кавадарци. Тоа е можеби и единствениот совет кој работи заеднички за доброто на градот ставајќи ја во втор план политичката ориентација.
Оваа соработка и соработката со државните институции дава поволности во поглед на реализирање на проектите кои ги имаше Митко Јанчев во својата предизборна програма а кои во само две години од својот мандат имаше 90% реализација на истите во првиот мандат и над 100 % реализираност на програмата во вториот мандат, пред завршување на мандатот.
Во 2025 та година по трет пат станува градоначалник на Општина Кавадарци со освоени 74 % гласови од вкупната излезеност.