Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ" бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување на дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава III, точка 2, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета по Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- Најсеверна е точката број 1, со координати X= 4585550,36 и Y= 7580635,28;
- Најисточна е точката број 292, со координати X= 4584567,64 и Y= 7580974,59;
- Најјужна е точката број 235, со координати X= 4584195,870 и Y= 7580424,601;
- Најзападна е точката број 61, со координати X=4586829,79 и Y= 7571043,52.
- Површината на планскиот опфат изнесува 85,23 ха.
Повторната Јавна Презентација и Повторната јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Повторната Јавна анкета трае од 04.12.2023 до 11.12.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.12.2023 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.