ЈАВЕН ПОВИК за избор на лиценциран оператор за организирање на одделно собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци

12.02.2024

Врз основа на член 42 од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 215/21) и член 32 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување (Службен весник на Република Северна Македонија бр.215/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци

ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на лиценциран оператор за организирање на одделно собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување објавува јавен повик за воспоставување на соработка за организирање на одделно собирање на отпад од пакување и склучување на Договор за воспоставување на организиран, интегрален и одржлив систем за собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци.

Основна цел е редовно сервисирање односно празнење на садовите за отпад од пакување (секој ден, освен недела) кои согласно одлука на Совет на Општина Кавадарци ќе бидат поставени на територијата на Општина Кавадарци и соодветно обележани.

Право на учество на овој јавен повик имаат:

Сите заинтересирани оператори – лиценцирани самостојни постапувачи со отпад од пакување во врска со објавениот повик треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да поседува Дозвола за постапување со отпад од пакување издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Да е регистриран во Централен регистар за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и
  • Да поседува Договор со колективен постапувач што поседува Дозвола за постапување со отпад од пакување.

Потребни документи:

Заинтересираните оператори во врска со објавениот повик потребно е да ги достават следните документи:

  • Писмена пријава по Јавниот повик со кратко резиме на компанијата,
  • Копија од тековна состојба ,
  • Копија од Дозвола за постапување со отпад од пакување издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
  • План за начинот на собирање на отпадот и начинот на информирање на јавноста и крајните корисници за намената и целите за собирање на отпад од пакување, правилно постапување со истиот и можностите за бесплатно предавање и одлагање.

Врз основа на склучениот договор за воспоставување соработка за организирање на одделно собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци, општина Кавадарци ќе ја извести јавноста за адресите/локациите на собирните места кои ќе бидат одредени на територијата на општината.

Рок за пријавување:

Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Општина Кавадарци Јавниот повик ќе трае 7 (седум) работни дена од 12.02.2024 година заклучно со 20.02.2024 година.

Пријавите со комплетната документација се доставуваат во затворен плик со назнака „Јавен повик за воспоставување соработка за организирање на одделно собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци“ се поднесуваат во архива соба бр.20, секој работен ден од 800 до 1600 часот, во просториите на Општина Кавадарци, плош. „Маршал Тито” бр.бб Кавадарци.

Пријавите со комплетната документација се доставуваат најкасно до 20.02.2024 год.

Начин на спроведување на јавниот повик:

Поднесенитe пријави ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот во рамките на Секторот за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина.

Комисијата ќе ги разгледа пријавите доставени заклучно со последниот ден наведен во овој јавен повик заедно со потребната документација.

Комисијата по разгледувањето на пријавите и потребната документација на Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе му предложи со Записник правно лице кое ги исполнува условите согласно јавниот повик.

Градоначалникот на Општина Кавадарци склучува договор за регулирање на меѓусебните права и обврски со правното лице кое е предложено од комисијата.

Во договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски ќе се кокретизираат условите и начинот на воведување на одделното собирање и третман на отпадот од пакување, видот на отпадот од пакување, барања во однос на квалитетот на собраниот отпад од пакување, видот на системот за собирање и доколку е можно и постапување со отпад од пакување, начинот на финансирање и покривање на трошоци, начинот на информирање на јавноста и крајните корисници, како и други прашања од заеднички интерес на договорените страни.

Времетраењето на договорот изнесува една година.