Одлука Бр.08-1772/40 за распределба на финансиски средства по Јавен повик

Прибирање на предлог проекти по приоритетни области
18.03.2024

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа ("Службен весник на Република Македонија" бр.5/2002), а согласно Програмата за развој на Невладиниот сектор на Општина Кавадарци за 2024 година („Сл.Гласник на Општина Кавадарци“ бр.44/23), Правилник за подготовка, аплицирање и реализација на предлог проекти (Сл.гласник бр.45/24),  и член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци”бр.8/05/....…75/21), Советот  на Општина Кавадарци на 40-та седница одржaна  на ден  14.03.2024 година,  донесе,

О Д Л У К А

за распределба на финансиски средства по Јавен повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области

 

Член 1

Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци врши распределба на финансиските средства согласно Јавен повик бр.14-940/1 од 01.02.2024 година за прибирање на предлог проекти по приоритетни области, согласно Програма за развој на невладиниот сектор на Општина кавадарци за 2024 година, и тоа:

 

Бр Организација Одобрени средства
1 Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци 250.000,00 денари
2 Доброволно противпожарно друштво САШКО ГЕШОВСКИ Кавадарци 200.000,00 денари
3 Здружение на мотоциклисти Мото клуб Тиквеш Рајдерс 180.000,00 денари
4 Здружение на граѓани ЏОЛОМАРИ 150.000,00 денари
5 Здружение на граѓани “Џаламари-Василичари”  Кавадарци 120.000,00 денари
6 Здружение на граѓани ,,Васил Хаџи Манов Јуниор”, Кавадарци 120.000,00 денари
7 Здружение на граѓани Кавадион - Кавадарци 100.000,00 денари
8 Балетско студио “Венус” при Здружение на граѓани  “Сцена прва” – Кавадарци 100.000,00 денари
9 Здружение на граѓани Љубители  на уметноста и културата РОДНОКРАЈЦИ 100.000,00 денари
10 Здружение на граѓани Мултисинапсис  100.000,00 денари
11 ЕД Тисовец 100.000,00 денари
12 Здружение на граѓани Кинолози 7ми Септември -  Кавадарци 100.000,00 денари
13 Инвалидско здружение на лица со стома 100.000,00 денари
14 Здружение на граѓани Тиквеш Бајк  100.000,00 денари
15 Здружение на граѓани Нова Цивиста 80.000,00 денари
16 Здружение на граѓани – Ликовна колонија “Михајлово Арт” Кавадарци 70.000,00 денари
17 Центар за Поддршка на Детскиот Развој – ЦПДР, Кавадарци 60.000,00 денари
18 Здружение за екологија, животна средина и просторно планирање   “Еко-Индикатор” - Кавадарци 50.000,00 денари
19 Здружение на граѓани Иднината е сега - Кавадарци 50.000,00 денари
20 Здружение за развој, едукација и забава на децата со занаети и професии ПАНЧЕЛИТО Кавадарци 50.000,00 денари
21 Здружение на граѓани Зона 50.000,00 денари
22 Здружение на граѓани Ластарчиња лозарчиња 50.000,00 денари

 

Член 2

Одобрените финансиски средства ќе се исплатат врз основа на склучен  Договор за финансирање согласно моменталните состојби на општината кои се однесуваат на исполнувањето на Буџетот.

Член 3

Одобрените финансиски средства треба да се користат наменски за проектни активности предвидени во доставените предлог проекти.

Член 4

Одлуката влегува во сила на денот на донесување, а ќе се објави во Службен Гласник на Општина Кавадарци.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Претседател,
д-р Стојанчо Рамов