Врз основа на член 22,став 1, точка3; член 62, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), а во врска со член 67-а од Законот за градење (Сл.Весник на РМ 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12,1 44/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/19,18/20 и 279/20, 227/22 и 111/23) и член 101 од Законот за домување, („Службен Весник на Република Македонија бр. 99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16, 39/16,71/16,132/16,35/18 и 64/18и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20и150/22), а во врска со измената и дополнување на програмата за Локален економски развој на Општина Кавадарци за 2024 година поглавје 4 точка 7, и Буџетот на Општина Кавадарци за 2024 година, („Службен гласник на Општина Кавадарци“ бр.44/2024), Општина Кавадарци распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
За финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување во Општина Кавадарци за 2024 година
1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици од подрачјето на Општина Кавадарци за реконструкција на постоечки кровни покривачи на станбени згради.
1.2. Финансиската поддршка за реконструкција на кровови и кровни покривачи е насочена кон замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки на колективни станбени објекти под услови кои се опишани во јавниот повик.
1.3.Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци, Програма ГДО, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 500.000,00 денари,за реконструкција на постоечки кровни покривачи за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставен Договор со Изведувачот за поправка или санација на станбениот покривач.Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки кровни покривачи на станбени згради за колективно домување.
1.4.Јавниот повик ќе биде реализиран односно селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Предуслов за исплата на средствата од страна на Општина Кавадарци ќе биде потпишан Договор со избрана фирма од страна на заедницата на станари или управителот и уплатен аванс на избраната фирма. По приложување на истите до Општина Кавадарци, средствата ќе бидат префрлени на сметка на заедницата или управителот на зградата.
По извршената исплата на средствата од страна на Општина Кавадарци и по реализација на договорот за изведба, се задолжува претседателот на заедницата* или управителот на зградата,во рок од 5 месеци да достават изјава под морална, кривична и материјална одговорност дека работите согласно потпишаниот договор се реализирани.
*претседателот на заедницата е должен доставената изјава да ја завери на нотар
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1 Право на учество на јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Кавадарци под следните услови:
- Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни покривачи, тие треба да бидат оштетени и постари од 25 години;
- Сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда;
- Најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (се вселени) во текот на целата година (вклучувајќи и изнајмени станови).
Пријавите можат да бидат поднесени до Архива на Општина Кавадарци.
Право на учество имаат сите влезови поеднинечно кои имаат регистрирано заедница на сопственици или имаат избрано управител на станбена зграда.
При рангирање на колективните станбени згради кои ги исполнуваат претходно наведените услови, како критериум ќе се користи и целосна и навремено доставена документација.
3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА
3.1. Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на пропишан образец кој можат да го најдат на официјалнатра веб страна на Општина Кавадарци, www.kavadarci.gov.mk
3.2. Кон пријавата се доставува следната документација:
ОПШТИ ДОКУМЕНТИ, се поднесуваат во 2 (две) фази:
• Првата фаза се состои од достава на следните документи
- Пополнета Апликација–образец, потпишан од претседателот на заедница на сопственици или управител;
- Решение од Централен регистар на РСМ за Заедница на сопственици или Уптавителот не постара од 2 месеци;
- Имотен лист оригинал или нотарски заверена копија,не постар од 6 месеци за секој стан засебно или листа на сопственици од АКН – Агенција за катастар на недвижности;
- Изјава заверена на нотар со која Барателот потврдува за старосната граница на објектот
- Одлука за согласност за реконструкција на кров на станбена зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% +1 од сопствениците на посебните делови од зграда;
- Проектна документација доколку не е изработена да се достави најдоцна 30 дена од датумот на доставеното Барање
- Понуди од 3(три) економски оператори за реконструкција на кровот (доколку се има прокетна документација при аплицирање), доколку се нема да се достави најдоцна 30 дена по крајниот рок за аплицирање.
- Копија од жиро сметка на Заедницата на сопственици, односно копија од жиро сметка што ја отворил Управителот за потребите на станбената зграда
- Договор за управувачки услуги (доколку е потребно управување со станбената зграда се доделени на Управителот)
- Договор со Изведувачот за поправка или санација на кровниот покривач;
- Фотографии од постоечката состојба.
• Втората фаза се состои од достава на следните документи
- Изјава од изведувач за завршена работа заверена од нивна страна
- Фактура во оригинален примерок заверена од изведувачот
- Фотографии од новата состојба на кровниот покривач
- Трансакциска сметка од барателот веднаш по реконструкција на кровот на конкретната станбена зграда.
4. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
4.1 Рокот за поднесување на апликациите ќе трае до исцрпување на предвидените средства, но до крајот на тековната година. Краен рок за поднесување на Барањето од фаза 1 ќе биде до 30.06.2024 година, а крајниот рок за фаза 2 од постапката е 30.11.2024 година.
4.2.Пријавата и другата документација се доставува во затворен коверт директно во архивата на Општина Кавадарци, плоштад „Маршал Тито“ бб 1430 Кавадарци, канцеларија бр.20.
4.3. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни покривачи на подрачјето на Општина Кавадарци.
4.4. Архивата на Општина Кавадарци примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
4.5. Пријавите со некомплетна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок од фаза 1, нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Градоначалник
д-р. Митко Јанчев