Јавна објава на места за бесплатно истакнување на изборни плакати во град кавадарци

05.04.2024

Врз основа на член 78 од Изборниот законик ("Службен весник на Република Македонија" бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 38/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.98/2019, 42/2020, 74/2021, 215/2021 и 58/2024) Градоначалникот на Општина Кавадарци врши,

 

ЈАВНА ОБЈАВА 
НА МЕСТА ЗА БЕСПЛАТНО ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
ВО ГРАД КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци преку јавно објавување дозволува истакнување на изборни плакати без надоместок на места што се утврдени од општината.

Се повикуваат учесниците во изборната кампања да поднесат барање преку архива на општина Кавадарци заради определување на места за истакнување на изборни плакати. 

Општината има обврска да ги обележи местата за секој подносител на листи одделно.

Општината е должна да обезбеди еднакви услови за сите учесници во изборната кампања при истакнувањето на плакати на утврдените места.

Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.


Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде што се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Јавната објава ќе се истакне на веб страната на општина Кавадарци.

Јавната објава содржи графички прилог и просторен опис на утврдените места за истакнување на изборните плакати.
 

ПРЕГЛЕД НА УТВРДЕНИ МЕСТА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

  1. На земјиште со КП бр.1994/1 КО Глишиќ наспроти поранешното училиште во населба Глишиќ Кавадарци, од источната страна на регионалниот пат делница Кавадарци - Неготино;
  2. На земјиште со КП бр.16568/1 КО Кавадарци пред Општата Болница во Кавадарци, од западната страна на регионалниот пат делница Кавадарци - Неготино;
  3. На земјиште со КП бр.16494/1 КО Глишиќ во непосредна близина на кружен тек наспроти Спортската сала Партизан, од јужната страна на улица 7-ми Септември;
  4. На земјиште со КП бр.16451/1 КО Кавадарци во непосредна близина на кружен тек кај станбениот комплекс "Белка"  помеѓу улица "Блажо Алексов" и булевар "Македонија";
  5. На земјиште со КП бр.10771/1 КО Кавадарци во непосредна близина на крстосницата на булевар "Никола Минчев" со булевар "Македонија";
  6. На земјиште со КП бр.16485 КО Кавадарци во непосредна близина на крстосницата на улица "Илинденска" со улица "Пано Мударов";
  7. На земјиште со КП бр.13710/3 КО Кавадарци во непосредна близина на кружен тек на "западен булевар" со улица "8 ми Септември";
  8. На земјиште со КП бр.15021 КО Кавадарци во непосредна близина на крстосницата на "вториот триаголник" помеѓу улица "Страшо Пинџур" со улица "Народен фронт";
  9. На земјиште со КП бр.4784/1 КО Ваташа во непосредна близина на комплексот згради "Силекс" крстосницата на улица "Страшо Пинџур" со улица "4-ти Мај";
  10. На земјиште со КП бр.4784/1 КО Ваташа во непосредна близина на крстосницата на автолимарски сервис "Иле Мак" на улица "Страшо Пинџур";

Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други учесници во изборната кампања е забрането.
               
Учесникот во изборната кампања е должен во рок од 30 дена по
завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.
 

Градоначалник
д-р. Митко Јанчев