Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 275/19 и 122/21), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на КП.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/9 од 27.05.2024година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на КП.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/10 од 27.05.2024година и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на КП.бр.965/1 КО Конопиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/11 од 27.05.2024 година, донесени од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.51/24), Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-106/3 од 19.04.2024 година изработен од Друштво за проценка и консултантски услуги “ПРИМА ТИМ” ДОО Охрид, Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-106/4 од 19.04.2024 година изработен од Друштво за проценка и консултантски услуги “ПРИМА ТИМ” ДОО Охрид и Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-106/2 од 19.04.2024 година изработен од Друштво за проценка и консултантски услуги “ПРИМА ТИМ” ДОО Охрид, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 01/2024
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на КП.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/9 од 27.05.2024година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на КП.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/10 од 27.05.2024година и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на КП.бр.965/1 КО Конопиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/11 од 27.05.2024 година, донесени од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.51/24).