СООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета - ДУП - Миле В'чков

Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, „ Миле В'чков" КО Кавадарци  град, Општина Кавадарци, плански период 2020-2025
26.08.2024

С О О П Ш Т Е Н И Е


За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, „ Миле В'чков" КО Кавадарци  град, Општина Кавадарци, плански период 2020-2025

 

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 11, ДЕЛ ОД БЛОК 11.1, „МИЛЕ В’ЧКОВ“, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци и го дефинираат следниве граници:

 

  •  југо-запад: осовина на сервисна улица „Страшо Пинџур“
  • северо-запад: осовина на сервисна улица „Тиквешко Востание“
  • север: осовина на станбена улица „ Миле В'чков “ и осовина на
  • станбена улица „Браќа Хаџи Тефови“
  • исток: осовина на станбена улица „Ќиро Спанџов“
  • југо-исток: осовина на станбена улица „Иљо Костов“

 

Површината на планскиот опфат изнесува 2,74ха.

Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на  Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, „Миле В'чков“ КО Кавадарци  град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

Повторната Јавна анкета трае од 02.09.2024 до 16.09.2024  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.     

Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  16.09.2024  година (Понеделник) во 13:00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.