ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови  на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци

10.09.2024

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови  на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци

бр.03/24

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е избор на  членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци, со мандат од 4 години.

Јавното претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци со седиште на ул.,,Маршал Тито“бр.2 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од испорака на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот со основна дејност согласно НКД 35.22 – дистрибуција на гасовити горива преку дистрибутивни системи.