10.09.2024
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци
бр.02/24
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е избор на членови во Управниот одбор на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци, со мандат од 4 (четири) години.
Јавното претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци со седиште на Плоштад,,Маршал Тито“бб во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на испораката на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот, согласно НКД 35.22 – дистрибуција на гасовити горива преку дистрибутивни системи.