Јавен Повик за ликовен конкурс на тема ,,Стоп за родово базирано насилство”
По повод 15 дена активизам против родово базирано насилство, Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци објуавува јавен повик за ликовни уметнички дела на тема:,,Стоп за родово базирано насилство”
Правила на учество:
Тема:Уметничките дела треба да бидат со фокус на проблематиката на родово базирано насилство и да промовираат пораки против сите форми на насилство
Тип на уметнички дела: Прифатливи се сите видови на уметнички дела: сликање, графика, скулптура, инсталации
Датум на поднесување: Сите дела треба да бидат пријавени најдоцна до 25.11.2024 година (понеделник) на телефонскиот број 072 218-772
Кој може да се пријави на конкурсот:
-уметници ( професионалци и аматерски уметници без оглед на нивното образование или искуство)
-студенти
-ликовни работници (групи или организации кои работат со уметници или млади таленти)
-секој кој е заинтересиран и сака да даде придонес во борбата за родово базираното насилство
Изложба: По завршување на рокот за пријава сите ликовни дела ќе бидат поставени на изложба, а потоа истите ќе бидат донирани во Кризниот центар за жртви на семејно насилство во Општина Кавадарци. Ликовни дела ќе бидат моќна алатка за подигнување на свеста и создавање на простор за свест и поддршка на жртите на семејно насилство.
Со вашето учество ќе оставете траен печат во борбата за родово базирано насилство.За повеќе информации контакт на телефонскиот број 072 218-772
Уметноста е најмоќната форма на отпор. Со секое дело ја раскажувате вашата приказна. Нека вашите уметнички дела бидат повик за промена и надеж