ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци

13.01.2025

Врз основа на Програма бр. 08-6428/20 од 06.12.2024 година за волонтери во Општина Кавадарци за 2025 година, Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање на кандидати за волонтирање

во Општина Кавадарци

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за извршување на активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на  волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град  и  тоа:

  • оплеменување на зеленилото низ градот,
  • засадување на нови садници,
  • подигање на нови зелени површини низ градот,
  • средување на јавните зелени површини низ градот,
  • кастрење на вегетацијата,
  • и одржување на  селските патишта и фудбалски игралишта ,
  • како и чистење и одржување на чистотата на повеќе локации во Општина Кавадарци, согласно Програмата за јавна чистота за 2025 година и Одлуката за комунален ред со арх.бр.08-4875/20 од 20.12.2017 година
  • и други тековни непредвидени волонтерски активности.

Времетраењето на волонтерската работа се однесува за тековната 2025 година, кое  ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. Весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и „Сл. Весник на РСМ„ бр.124/2019 и 103/2021) и тоа најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена за претходната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадарци , ул. Плоштад Маршал Тито бб  со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“ во Општина Кавадарци  или дирекно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

 

Рок за пријавување: јавниот повик е од отворен карактер.

Пријавените кандидати  ќе бидат повикани да склучат  договор за волонтирање  и да започнат со вршење на волонтерската работа.