ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2025 година

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА
17.04.2025

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2025 година

Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.

Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето, односно од 17.04.2025 година заклучно со 07.05.2025 година

Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.