05.12.2025
Во поглед на процесот на изработка на План за одржлива урбана мобилност, а согласно Договорот за соработка склучен помеѓу Министерство за транспорт и Општина Кавадарци, арх. бр. 20-4680/2 од 21.08.2024, Општина Кавадарци спроведува јавна анкета со цел прибирање на повеќе информации од граѓаните во поглед на нивното секојдевно користење на возила или други средства за превоз. Општина Кавадарци добиените информации ќе ги искористи за комплетирање на Стратегијата за урбана мобилност, а во исто време таа ќе произлезе од реалните потреби и согледувањата на граѓаните. Анкетата можета да ја погледнете и потполнете на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScYTQJ2aZoPFOrgV_UwzBLxzd9xrnVKoC4Z4-IigJOHqP1c7Q/viewform