С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета По Предлог план - Детален урбанистички план за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, плански период 2022

23.09.2025

Граници на планскиот опфат се :

  • на север границата на опфатот се движи по осовина на Желков дол;
  • на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата Страшо Пинџур;
  • на северо-исток границата на планскиот опфат се движи по оската на реката Луда Мара

Површината на планскиот опфат изнесува 5,64 ха.

Повторната Јавна Презентација и Повторната Јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Предлог планот - Детален урбанистички план за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

Повторната Јавна анкета трае од 13.10.2025 до 27.10.2025  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  13.10.2025  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.