1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е избор на членови во Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци, со седиште на ул,,Индустриска“бб во Кавадарци
Мандатот на членовите на Управниот одбор е во траење од 4 (четири) години.
2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Заинтересираните лица кои што ќе се пријават на јавниот повик за избор на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија;
- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Освен условите од ставот 1 точка 2, членовите во управниот одбор на јавното претпријатија треба да имаат најмалку пет години работно искуство од кои :
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиското работење и
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на областа на правните работи.
3.РОК, НАЧИН И МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Заинтересираните лица по јавниот повик како доказ за исполнување на бараните услови треба да достават :
- кратка биографија,
-државјанство на Република Северна Македонија,
- уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија,
- сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
Заинтересираните лица по јавниот повик поднесуваат пополнета пријава (на образец - даден во прилог на јавниот повик) со потребната документација и доказите во писмена форма ( во оригинал или копија заверена на нотар) преку Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот или по пошта со назнака ,,За јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци.
Рокот за доставување на пријавата трае 5 (пет) дена почнувајќи од 17.11.2025 година до 21.11.2025 година.
Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk, на веб-страната на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци jpkomunalec.com.mk и на огласна табла на Општина Кавадарци.