С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета

15.01.2026

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Предлог план -  Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.1, ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ КО Кавадарци, Општина Кавадарци, плански период 2024-2029

 

Граници на планскиот опфат се :

·         СЕВЕРОИСТОК – североисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица СР7-ул.„ПИОНЕРСКА“ (според Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08- 2790/1 од 30.05.2019г),

·          ЈУГОИСТОК – југоисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 1 - планирана со соседен ДУП за Урбан Блок 16К – „Пионерска запад“, Општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08-949/1 од 26.02.2016г.

·         ЈУГОЗАПАД – југозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 2 – ул.„Дешка Тошева“ - планирана со соседен ДУП за Урбан Блок 16К – „Пионерска запад“, Општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08-949/1 од 26.02.2016г.

·         СЕВЕРОЗАПАД – северозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 3 – ул.„Димитар Влахов“ - планирана со соседен ДУП Кавадарци, донесен со Одлука бр.01-996/1 од 05.04.1976г.

Површината на планскиот опфат изнесува 1,19 ха.

 

Повторната Јавна Презентација и Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Предлог планот - Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.1, ОУ„Тоде Хаџи Тефов“ КО Кавадарци, Општина Кавадарци, плански период 2024-2029 во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета ќе трае од 02.02.2026 до 16.02.2026  година, секој рaботен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  03.02.2026  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.