📢 Јавен повик за граѓански организации во рамките на ReLOaD3

02.02.2026

 Општина Кавадарци, во партнерство со УНДП, објавува јавен повик за
поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална
демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од
Европската Унија.


  Се повикуваат сите граѓански организации да аплицираат со свои проектни
идеи и да придонесат кон развојот на локалната заедница.

Приоритетни области за проекти се:

1. Заштита на животна средина

2.  Здравство и социјална заштита

3.  Локален економски развој

4.  Родова еднаквост



🗓 Рок за аплицирање: 02.02.2026 – 02.03.2026

📍Инфо сесијата и првиот ден од дводневната обуката ќе се одржат на
04.02.2026 со почеток во 10:00 часот во Големата салата во Општина
Кавадарци. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 05.02.2026 година.

   📍 Првата менторска средба е закажана за 12 февруари 2026 година, а во
текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите 3
менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.


👉 Деталните информации и потребната документација се достапни на
веб-страницата на Општина Кавадарци.