ЈАВЕН ПОВИК За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

19.02.2026

                                                                                                                                ЈАВЕН ПОВИК

                За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

                Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет.

За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен од членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади.
                Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско учество.
Иницијативниот одбор го распишува Јавниот повик за конститутивното Локално собрание на млади.
                Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Кавадарци се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци , секој работен ден од 19.02.2026 година до 27.02.2026 година  или по пошта со назнака ,,За јавен повик за свикување на Иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци.“

 

 

Dokumente