ЈАВЕН ПОВИК
за предлагање на кандидати за избор на членови на Општински Совет за превенција на детско престапништво на Општина Кавадарци
Се повикуваат Министерството за внатрешни работи – ОВР Кавадарци, Министерството за труд и социјална политика – МЦСР Кавадарци, Центар за социјална работа – Кавадарци, советот на родители на основните/средните училишта, Унијата на средношколци, Адвокатската заедница на Општина Кавадарци, здруженијата и фондациите на територијата на Oпштина Кавадарци кои работат на проблематика со детско престапништво, ОЈО Кавадарци , Основен суд – Кавадарци, да номинираат лице за член на Општински Совет за превенција на детско престапништво на Општина Кавадарци најдоцна до 27.02.2026 година.