Се известуваат сите правни и физички лица кои во својство на заинтересирани инвеститори за изградба на енергетски објект планираат да изведуваат или поставуваат градби за производство на електрична енергија од обновливи извори согласно Законот за градење на подрачјето на општина Кавадарци за наредната 2027 година, дека можат да поднесат иницијатива за вклучување на енергетски објект со инсталиран капацитет од 1 MW во општинскиот енергетски план за наредната година на пропишан образец како прилог 1 на Правилникот за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.251/25) заедно со доказите предвидени во истиот до 1 април во тековната 2026 година.
Соопштението не се однесува на :
- за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се поставуваат на објекти со инсталирана моќност од 10kw за физички лица и
- за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се поставуваат на објекти со инсталирана моќност од 70kw за правни лица.
24.03.2026
Dokumente
Соопштение67.96 KB