Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на работник на неопределено работно време во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци (1 извршител)
Општина Кавадарци објавува јавен оглас за вработување на овластено службено лице 1 (еден) извршител и тоа:
1. Пожарникар спасител-техничар со шифра ПОЖ 02 10 В03 000 во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци................ 1 (еден) извршител.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови :
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови, кандидатот треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- стручни квалификации: квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
- работно искуство и тоа: најмалку една година работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;
- да има положено возачки испит од “Ц” категорија;
- сертификат за пожарникар.
Работното време за наведеното работно место е организирано во смени.
Основната нето плата изнесува 40.990,00 денари.
Во прилог на Пријавата кандидатите за пожарникар спасител-техничар се должни да ги достават следните документи:
- Пријава со податоци за контакт
- уверение за државјанство, оригинал или копија заверена на нотар
- лекарско уверение не постаро од 6 месеци, оригинал или копија заверена на нотар
-потврда дека не е изречена санкција –забрана за вршење на професија, дејност или должност
- доказ за завршено образование
-доказ за работно искуство
-сертификат за пожарникар
- возачка дозвола за “Ц” категорија.
Рокот за пријавување на јавниот оглас е 8 ( осум ) работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидат.
Пријавата со целокупната потребна документација, да се достават до архива на Општина Кавадарци или по пошта до Општина Кавадарци ул. Маршал Тито бб –Кавадарци , со назнака “за јавен оглас за вработување на овластено службено лице “.