Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19, 122/21 и 193/25), Одлука за давање овластување на општина Кавадарци за спроведување постапка за продажба на движни ствари сопственост на ЈП “Комуналец” Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2265/11 од 28.04.2026 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.10/26), Извештај за процена на вредноста на транспортни средства сопственост на ЈП “Комуналец” Кавадарци изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со арх. бр.72/2026 од 06.03.2026 година и наш архивски бр. 10-1806/5 од 24.03.2026 година, Комисијата за недвижни и движни ствар, објавува:
ОБЈАВА број 04/2026
за продажба на движни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
(втор пат)
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, согласно Одлука за давање овластување на општина Кавадарци за спроведување постапка за продажба на движни ствари сопственост на ЈП “Комуналец” Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2265/11 од 28.04.2026 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.10/26).
2.ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА
Предмет на продажба се движни ствари сопственост на ЈП„Комуналец“ Кавадарци и тоа:
|
Податоци за возилата |
Проценета почетна цена |
Банкарска гаранција |
Минимален чекор |
Час / почеток |
|
|
1. |
Возило марка HAKO
|
97.918,00 денари |
1.958,00 денари |
Без ограничување |
12:30 часот |
|
2. |
Возило марка HAKO
|
110.751,00 денари |
2.215,00 денари |
Без ограничување |
13:00 часот |
|
3. |
Возило марка HAKO
|
123.091,00 денари |
2.462,00 денари |
Без ограничување |
13:30 часот |
Напред наведените движни ствари не се исправни и не се регистрирани.
Почетната цена на движната ствар е проценетата вредност на истата наведена во табеларниот приказ за секое патничко моторно возило. Висината на почетната цена за продажба на движните ствари е утврдена согласно Извештај за процена на вредноста на транспортни средства сопственост на ЈП “Комуналец” Кавадарци изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со арх. бр.72/2026 од 06.03.2026 година и наш архивски бр. 10-1806/5 од 24.03.2026 година.
3. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 02.07.2026 година (Четврток) со почеток од 12:30 часот.
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www.e-stvari.mk
4. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за продажба на недвижните ствари со поднесување на Пријава за учество.
5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните правни и физички лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина.
Доказите кои е потребно да се достават кон пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:
1. Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;
2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Кавадарци – Локална самоуправа ул.„Плоштад Маршал Тито“бб Кавадарци со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
3. Доказ за идентитет за правни лица;
- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. - не постара од шест месеци (за домашни правни лица);
- извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
4. Доказ за идентитет на физички лица:
- копија од лична карта или патна исправа;
5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.
6. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 19 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 30.06.2026година (Вторник), до 12:00 часот.
7. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок до 30.10.2026 година.
8. ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена за продажба на движната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати или наддаде почетната цена за продажба на движната ствар.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена за продажба на движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на движната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од почетната цена на движната ствар.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата највисока продажна цена за движната ствар на сметка на Општина Кавадарци, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на постигнатата највисока продажна цена на движната ствар, се склучува Договор за продажба на движната ствар. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.
Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Кавадарци и на web страната на ЈП “Комуналец” Кавадарци.
Лице за контакт за увид на движните ствари е Коста Несторов моб.072/208-202