КОНКУРС за доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2023 година

04.07.2023

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот , условите и постапката за доделување на Награда  „7 Септември“ (Сл.Гласник на Општина Кавадарци

бр.26/2003 година , Општина Кавадарци Локална Самоуправа објавува,

КОНКУРС

 За доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2023 година

 

По повод на „7 Септември“ денот на ослободувањето на град Кавадарци Општина Кавадарци – Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на Награда „7 Септември“.

  1. Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание на Градот Кавадарци за остварувања во областа на стопанството , науката, уметноста, културата ,воспитанието и образованието , здравствената зашита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претсавуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас и во светот.
  2. На ученици и на студенти наградата се доделува на творечки труд или континуирани , успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваа посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
  3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој преставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
  4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  5. Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни и физички лица.
  6. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен а за кандидатите поедници да содржи и биографија.
  7. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерок од делото.

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Предлозите и иницијативите да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Совет на Општина Кавадарци, најдоцна до 18 Август 2023 година.

Формулар за конкурирање за наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во два (2) примероци преку пошта или директно во Архива на Локалната Самоурава Кавадарци соба бр.20.

 

Информации на телефон:

078-318-608

043/416-130