Свети Трифун
Со изложба на друштвото на фотографи од Тетово „Чкрап’, од денеска официјално ќе започнат културните настани кои ќе го одбележат чествувањето на големиот христијански празник Свети Трифун во Кавадарци. Изложбата на тетовските фотографи е закажана за вечерва во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ со почеток во 19 часот.
Ден подоцна, односно во среда, во Музеј галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба на акварели на тема „Свети Трифун“, која традиционално го претставува едногодишниот опус на кавадречкиот акварелист Лазар Дојчиновски.
Големото чествување на празникот „Свети Трифун“ ќе го одбележат низа настани кои ќе започнат во претпладневните часови, а ќе завршат во вечерните четврточни часови. Повеќе
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани граѓани, општина Кавадарци информира дека извесен временски период поради сериозни технички проблеми електронската страница не може да се надополнува со нови информации и содржини. Надлежните во општината работат на надминување на овој проблем..
Општината им се извинува на сите и воедно замолува за трпение
Општина Кавадарци
Локална самоуправа
Утре половина град без вода, заради завршните работи на водоводната мрежа
Утре во времето од 8 до 17 часот голем дел од градот ќе нема вода за пиење. Причината, според информацијата од Јавното Претпријатеие „Комуналец„ е завршување и изведба на работи на водоводен јазол кој е поставен на новата линија кон општина Росоман. Повеќе








