ЈП Комуналец

ЈП Комуналец

Претпријатието е основано со Одлука на Собрание на општина Кавадарци број 01-6351 од 27.11.1989 година и е организирано како Јавно претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ - Кавадарци, и истото со Решение со рег. бр. 2038/89 од 0901-1990 година е регистрирано во Окружниот стопански суд - Скопје.

ЈП Комуналец-содржина

Општината Кавадарци е оснивач на Јавното претпријатие и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи. Јавното претпријатие за комунални работи Комуналец - Кавадарци е основано за вршење комунална дејност како дејност од јавен интерес на Општина Кавадарци.

Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статус и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејност од јавен интерес.

Претпријатието е должно да обезбеди јавност и транспарентност во финансиските односи во своето материјално-финансиско работење, согласно Законот, овој Статут и Меѓународните финансиски стандарди за јавен сектор.